Последни написи

Полиграф: Руски напад со дезинформации врз Зеленски, откако беше прогласен за личност на годината од магазинот „Тајм“

Разоткриваме руски напад со дезинформации врз украинскиот претседател Володимир Зеленски, откако беше прогласен за личност на годината од магазинот „Тајм“.

На 7.12.2022 Амбасадата на Русија во Северна Македонија сподели фотографија со текст за изборот на Зеленски за „личност“ на годината од „Тајм“. Зеленски се обвинува дека „Не ги исполнува изборните ветувања за мир, Ја става својата земја под странска управа, Намерно ги провоцира соседите, Ја пролонгира западната прокси војна со Русија на сметка на сопствените граѓани“, итн.

Но, овие обвинувања не се засновани на факти и се апсурдни. Апсурдно е што Русија го обвинува Зеленски затоа што не исполнил ветување за мир, токму кога Русија изврши воена агресија врз Украина, вклучувајќи и неуспешен напад врз главниот град Киев.

Апсурдно е и обвинувањето дека Зеленски ја ставал Украина под странска управа и дека „намерно ги провоцира соседите“, кога токму Русија окупира делови од соседна Украина и ги става под своја управа.

Не помалку апсурдно е и обвинувањето дека Зеленски „ја пролонгира западната прокси војна со Русија“. Токму Русија е таа што ја пролонгира воената агресија врз Украина, и тоа на сметка на сопствените граѓани – со 300.000 нови мобилизирани руски војници.

Со невистинити обвинувања, руската пропаганда се обидува да ја доведе под прашање визијата на TIME за „Личност на годината“. Но, заборава дека и Путин, а и други руски претседатели биле избрани за личност на годината од овој магазин.

Тајм во сторијата за Зеленски како „личност на годината“ пишува: „Руската цел на почетокот на инвазијата беше да го убие или зароби Зеленски и да ја обезглави неговата влада“.

Но украинскиот претседател го преживеа нападот, и сега добива награди за личност на годината, не само од Тајм, туку и од други познати медиуми.

Очигледно, Русија не ја постигна целта, па сега продолжува да го напаѓа Зеленски. Но овие напади ги оценуваме како дезинформации, затоа што не се засновани на факти.

 

YouTube player

Latest Posts

Не пропуштај