Последни написи

ДИК: Избирачките одбори да ги почитуваат законите и подзаконските акти

Државната изборна комисија апелираше избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби и задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори и тоа да го прават кон секој избирач. Потоа, велат од ДИК, на секој гласач треба да му ја објаснат процедурата на гласање. Гласачот, нагласуваат од ДИК, може да се појави на гласачкото место само еднаш и да го оствари своето право на глас

-Не сакаме да ги исплашиме претседателите на изборните органи, но, доколку не се почитува правото на глас врз основа на Кривичниот законик секој член на изборен орган кој го попречува гласањето или намерно го попречува гласањето на некој друг член ќе се казни со најмалку три години затвор, рече Дитмире Шеху, потпретседателка на ДИК на вонредната прес-конференција појаснувајќи дека причината за нејзиното свикување се информациите кои ги добивале од терен дека дел избирачките одбори не постапувале согласно нивните надлежности кои произлегуваат од Изборниот законик и  подзаконски акти на Комисијата.

Таа појасни дека вчера ДИК одржала седница на која на јасен начин покажала кој е начинот на гласање и го презентирала упатството за начинот на гласање и за Парламентарни и за Претседателски избори.

-Од самото упатство, кое исто така, се наоѓа и во самите избирачки места се гледа начинот на кој гласачот треба да гласа, а исто така во тоа упатство е наведено и како гласачот и избирачкиот одбор треба да се однесува, рече Шеху.

Таа појасни дека откако гласачот ќе се изјасни дали ќе гласа за едни или други избори, или пак и за Претседателските и за Парламентарните избори, тој оди на идентификација со биометрискиот уред, па го зема гласачкото ливче и се потишува во избирачкиот список. Потоа го зема гласачкото ливче и нормано гласа сам зад параван.

-Ова се некои насоки што дел од упатствата што ДИК ги има усвоено. Исто така и на вчерашната  седница им беше многу добро објаснето на сите избирчаки одбори. Затоа ги замолуваме сите избирачки одбори детално да ги почитуваат законот и сите наши подзаконски акти и да постапуваат врз основа на сите наши напатствија и наши подзаконски акти и согласно закконот, истакна потпретседателката на ДИК.

Шеху додава дека поради ова се однесува на неколку општини, но преку вонредната прес-конференција упатуваат апел до сите изборни органи во другите општини и избирачки места.

-Ова се однесува на неколку општини, неколку избирачки одбори, кај кои реагиравме ние одделно и по нашите реакции веќе гласањето тече нормално и немаме некои други проблеми, истакна потпретседателката на ДИК Шеху.

Извор: ЦивилМедиа.мк

Latest Posts

Не пропуштај