Последни написи

Спремен скафандерот за Мицкоски за на Марс

РИБАРО

Од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, најавија дека е спремна вселенската капсула и скафандерот за нивниот претседател Христијан Мицкоски со кои ќе се засолни на Марс после изборниот срам и неможноста да го земе мандатот за состав на Влада, дознава АХА.

Првично како што јавуваат од партијата, местото било резервирано за потпретседателот Николоски, кој, како што очекуваат вмровците, ќе биде здраво подбран од Филипче, но сепак одлуката паднала вселенската капсула да биде прилагодена за Мицкоски.

Финансиите и логистиката за мисијата ги обезбедиле Трамп и Орбан.

Екипата на АХА, праша дали случајно се работи за првоаприлска шега, зошто нели нивните анкети покажуваат дека сигурно победуваат, а од белата палата низ пригушена смеа одговорија:

– На кои анкети, на оние од оној Влајко ли? Хахаха…

Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.

Извор: Фронтлајн

Latest Posts

Не пропуштај