Последни написи

Рускиот шпионски авион А-50 трансформиран во подморница, го лоцираше крстосувачот Москва на дното на морето

Воздухопловот специјализиран за команда, контрола и надзор, А-50 АВАКС на руските воздухопловни сили успешно го лоцирааше крстосувачот Москва на дното на морето.

Целата операција се одвиваше во голема тајност, бидејќи на истата и предходеше револуционерна пренамена на воениот авион, кој руската воена индустрија, под притисок на ракетните напади на украинските воени сили, го пренамени во подморница, и сега може мирно да истражува и лоцира руски воени бродови залутани на дното на морето.

Ова е уште еден доказ на досетливоста и успешноста на конструкторите на руската воена индустрија, кој како и предходно со пренамената на крстосувачот Москва во подморница, сега со дополнителни напори и голема инветивност, во подморница го претворија и воениот авион А-50, со што успешно им пркосат на украинските ракетни напади сокривајќи ги под површината на морето.

Како што беше објавено денес на социјалните мрежи, херојската приказна за малиот А-50 кој никогаш не се откажа од потрагата , која заврши успешно, веќе добива и своја екранизација.

Капетан Микула мали


Оградување, одбрана и заштита: Ова е козеријаСекоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна.

Извор: ЦивилМедиа

Latest Posts

Не пропуштај