Последни написи

ЕДМО: Пораст на дезинформации со исламофобична реторика пред изборите во ЕУ

Во „Неделните увиди и рани предупредувања“ на ЕДМО (Европска дигитална медиумска опсерваторија) од 10 мај 2024, како главен наратив со дезинформации пред претстојните европски избори е забележан „Порастот на исламофобична реторика“: „Муслиманските мигранти се обидуваат да наметнат шеријат во Европа: Оваа кампања за дезинформации се шири низ Европа, особено во поглед на претстојните локални избори, и би можело исто така да циркулира во различни земји-членки пред изборите во ЕУ. Фабрикувани приказни тврдат, особено, дека огромен број муслимански мигранти се подготвени да го применат шеријатскиот закон, и тие веќе влијаеја на изборните резултати во градовите низ Шпанија и Обединетото Кралство“, пишува во неделниот увид на ЕДМО.

ЕДМО укажува и на „лажните приказни кои ги обвинуваат политичарите дека поттикнуваат масовна експанзија на муслиманите, на промовирање на наводна Исламизација на земји-членки на ЕУ…“.

ЕДМО објавува и дневни билтени со клучните дезинформациски наративи во врска со Европските избори 2024. Во билтенот од 10 мај 2024 се укажува дека „главниот лажен наратив насочен кон ЕУ ги опишува нејзините институции како авторитарни или корумпирани, со цел да се наметнат опасни мерки или неразумни бирократски оптоварувања врз животите на граѓаните.“ Во билтенот од 8 мај 2024 се дава пример за „политичка партија, како дел од својата кампања, постави некои патокази на влезот од различни градови, на кои пишува „Добредојдовте во Исламскиот емират Каталонија“ или „Не за исламизацијата“. Фотографиите од овие плакати потоа кружеа на социјалните мрежи, при што корисниците тврдеа дека таблите биле поставени таму од мигрантските заедници во регионот, во обид да се создаде Исламски Емират…“.

 

 

 

Latest Posts

Не пропуштај