Последни написи

Лукаревска: Воведуваме „е-фактура“ во борбата против сивата економија

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, на годишната конференција „Година на нови можности“ изјави дека во поглед на сивата економија имаме предизвици, што значи дека ќе имаме и нови проекти во оваа насока.

-Еден од најголемите проект е „е-фактура“, што е ризик фактор кај најголемите даночни обврзници. Тоа ќе значи намалување на фиктивните фактури и претставувањето лажна слика преку документација на обврзниците кои ја даваат пред УЈП, рече Лукаревска.

Лукаревска информираше дека за овој проект треба поголем период на тест фаза, за да може даночните обврзници да се навикнат.

-Паралелно се трудиме да воведеме и е-фискализација. Со тоа, ќе овозможиме да се направи даночен информациски систем, проект кој ќе биде дел од интегриран информациски ситем за управување со јавните финансии, истакна директорката на УЈП.

Таа кажа дека во борбата со сивата економија придонесуваат и договорите потпишани преку „Отворен Балкан“ за размена на податоци, бидејќи полесно се откриваат фирмите со неколку седишта кои затајуваат данок.

Latest Posts

Не пропуштај