Последни написи

(видео) Катерина Колозова: Двата договора за добрососедство мора да се почитуваат, не треба да се каже НЕ на ЕУ

Д-р Катерина Колозова, на промоцијата на публикацијата „’Францускиот предлог’: Говор на омраза, дезинформации, медиумски манипулации (медиумски анализи)“, истакна дека беше изненадувачка реакцијата на цивилниот сектор:
„Тоа што беше изненадувачки беше дека речиси целиот цивилен сектор кој што е посветен на евроинтеграциите беше на раб да каже – а многу од проминентните негови претставници и кажаа – НЕ на ваква Европа…“

„Имаше премногу читање меѓу редови што се граничеше со теорија на заговор и параноја, на текстот на Советот на ЕУ, нивниот сопствен текст, на кој што ние баравме нашата влада да вика НЕ…“
„Дел од нашата јавност ја повикуваше нашата влада да каже НЕ на евроинтеграциите. Колку беа свесни дека нема повторена покана, во историја не е повторена покана… тоа беше прашање да се биде или не во ЕУ“.

Колозова истакна и дека битката за нашата идентитетска афирмација и со Грција и со Бугарија продолжува додека трае интегративниот процес:

„Двата договора за добрососедство мора да се почитуваат и мора да се најде начин во процесот од најмалку една деценија, ние, на тоа билатерално ниво, да не изгубиме идентитетски. Значи, битката продолжува додека трае интегративниот процес. Битката за нашата идентитетска афирмација и со Грција и со Бугарија продолжува додека трае интегративниот процес. Дека, не смее да се каже НЕ на ЕУ. А, секако, тоа не значи дека не треба и понатаму да си ги застапувате интересите идентитетски, културни, и национални. Тоа беше мојата позиција, јас мислам дека не е нешто екстремна, со оглед на тоа што го преживеав како реакција.“

Latest Posts

Не пропуштај