Последни написи

Вест на денот: Мицкоски тврди дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ веќе има 61 пратеник, и цели на двотретинско мнозинство заедно со други коалициони партнери

Во контекст на преговорите на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН за нова влада, вест на денот во медиумите е изјавата на Мицкоски дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе има обезбедено 61 пратеник: „Можам да кажам дека како ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Твоја Македонија“ ги завршуваме разговорите со неколку од пратениците кои што не се дел од коалицијата „Твоја Македонија“, и можам да кажам дека во моментов успешно консолидиравме 61 пратеник… Како коалиција „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во парламентот покрај 58 пратеника кои што ги има автентично самата коалиција, и очекуваме одлука на Управниот суд да видиме што ќе се случува во изборната единица 5 и 6, можам со задоволство да кажам дека имаме консолидирано точно 61 пратеник, но тоа нема да не повлече од разговорите со идните потенцијални коалициони партнери, како што е коалицијата ВРЕДИ или ВЛЕН“, изјави Мицкоски за медиумите.
Мицкоски изрази оптимистичко уверување дека негова втора цел е заедно со коалиционите партнери да консолидира две третини во македонскиот парламент:
„Па, разговорите од тоа што сум информиран, од учесниците од ВМРО-ДПМНЕ, на тие разговори, е дека се водат во правилна, вистинска насока. Оптимисти сме дека нашата втора цел е да заедно со коалиционите партнери успееме да консолидираме две третини во македонскиот парламент. Зошто ни се потребни овие две третини? Овие две третини се потребни затоа што имаме сериозна намера тоа што го зборувавме пред изборите, да направиме сериозно реструктуирање и реекипирање на владиниот кабинет“, изјави Мицкоски за медиумите.
Повеќе медиуми го објавија и соопштението од ВМРО-ДПМНЕ испратено по состанокот на работните групи во кое се истакнува: „При таквото раководење на идниот владин состав да се запазат договорените принципи на делување, силно динамизирање на евроинтеграциите, бескрупулозна борба против корупцијата и криминалот и економски реформи за повисок животен стандард“.
Во друго партиско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, како главен приоритет на идната влада се истакнува бизнисот и економскиот развој на Македонија како држава: „Идната Влада во Македонија на Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има намера како главен приоритет да го има бизнисот и економскиот развој на Македонија како држава и да работи за доброто на граѓаните“, истакнал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при обраќање на денешниот Самит „Македонија 2025“.

Р.С

Latest Posts

Не пропуштај