Последни написи

Дрекслер: Постоечката Преговарачка рамка веќе ја нуди најдобрата гаранција

„Мислам дека ние во Германија, сме многу свесни за големите напори, што Северна Македонија веќе ги презеде во пристапниот процес кон ЕУ. И да, можам да разберам дека искуствата од овој процес имаат последователен ефект во општеството. Сметам дека ќе стане проблем тогаш кога скепсата ќе помине во резигнација. Понекогаш имам впечаток дека, довербата во ефикасноста на политичкото дејствување во земјата во целина е ниска. За да се поврати таа доверба за оние што во иднина ќе ја понесат политичката одговорност за земјава ќе важи, најавените реформи и ветувања сега паметно и енергично да ги претворат и во дела,“ вели Амбасадорката на СР Германија во земјава, Петра Дрекслер,“ во интервју за 360 степени, во врска со прашањето, за неуспехот на Европската Унија да испорача за земјава, да почне пристапни преговори веднаш по прашањето на името.

На прашањето дали може да се бара и очекува да се добие она што го бара ВМРО-ДПМНЕ , промена на условите и гаранции на т.н идентитетски прашања, за да ги поддржи уставните измени, амбасадорката Дрекслер посочува на предочувањето во континуитет изминатиот период од нивна страна, за постоечката Преговарачка рамка.

„Мислам дека од германска страна постојано предочувавме колку многу ги цениме македонскиот идентитет македонската култура, и македонскиот јазик. Тоа г нагласи уште еднаш и Бундестагот, минатата година со резолуција. И мислам дека токму преку пристапниот процес со ЕУ, , македонскиот јазик доби особено на значење и надвор од своите граници. Истовремено, исто така јасно Северна Македонија со сите земји, членки на ЕУ, се спогоди за преговарачката рамка, за пристапните преговори со ЕУ. Оваа преговарачка рамка, е утврдена и туѓа спаѓа и спроведувањето на уставните промени;“ посочува Дрекслер.

Latest Posts

Не пропуштај