Последни написи

Макрон, Ердоган, и Шолц злоупотребени во албанските медиуми за ширење на теории на завера преку лажни изјави

Во повеќе медиуми на албански јазик се шират теории на завера за некаква опасност од пропаганда за „потурчување“ на Албанците во Северна Македонија, кои се поткрепуваат со неавтентични изјави на високи европски политичари.

Најнапред, во повеќе медиуми се прошири лажна вест со неавтентична изјава на Макрон, според која странски фактори работеле на потурчување на Албанците во Македонија.

Потоа, се објави дезинформација со неавтентична реакција на Ердоган на изјавата на Макрон, во која наводно Ердоган рекол дека Макрон сакал да го дестабилизира Западниот Балкан заради интересите на Русија.

Се проширија и дезинформации со неавтентична изјава на германскиот канцелар Шолц, според која наводно изразил загриженост што некои турски организации промовираат пропаганда што претставува опасност за Албанците тука. Ваквите дезинформации се споделуваат и на социјалните мрежи од јавни личности и политичари, што предизвикува дополнителна штета.

За жал, ваквиот тренд на ширење дезинформации со лажни изјави е присутен и во македонските медиуми и во Бугарија, каде што се генерираат и шират фабрикувани, непостоечки изјави, за кои нема никаков релевантен извор.

Latest Posts

Не пропуштај