Последни написи

Неподносливата леснотија на негирањето воени злосторства врз цивили

ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Шефот на европската канцеларија на Светската здравствена организација потврди дека 16 здравствени установи во Украина биле нападнати од почетокот на руската агресија. А што вели за тоа Баздникин, рускиот амбасадор во Македонија?

Во вчерашното интервју во главниот дневник на Телевизија Сител, Баздникин тврдеше дека Русија не гранатира ниту детски болници ниту цивилни објекти, и дека информациите што ги потврди СЗО, а и снимките што ги објавија десетици медиуми, новинари, политичари, активисти и сведоци на ракетирањато на цивилни објекти – се лажни.

Замислете, Баздникин во гостувањето на ТВ Сител, во земја која е „непријателска“ според официјален список објавен од Русија, вели дека е запрепастувачка количината на фејкови против Русија.

Но, иако беше прашан од новинарот, тој не кажа ништо за сведоштвата на македонските граѓани кои бегаат од Украина токму поради нападите врз цивилни цели.

Ваквата леснотија на негирање на злосторства врз цивили е навистина – запрепастувачка.

 

 

Latest Posts

Не пропуштај