Последни написи

ЦИВИЛ: СТОП за злоупотреба на деца во изборна кампања!

Политичката злоупотреба на децата е забранета со закон! Според член 12, став 4 од Законот за заштита на децата: „Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување“.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ констатира повеќе случаи на злоупотреба на деца и малолетници за време на изборната кампања од речиси сите кандидати во трката за претседател на Република Северна Македонија.

Политичката злоупотреба на децата е забранета со закон! Според член 12, став 4 од Законот за заштита на децата:

„Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување“.

ЦИВИЛ ги потсетува политичките партии, родителите, медиумите и институциите дека секое дете, без исклучок, има право на достоинствен живот и да ги ужива сите права наведени во Декларацијата за правата на децата и во Законот за заштита на децата. Тие имаат право на безгрижно детство, ослободено од дневнополитичките случувања.

Местото на децата е надвор од политиката! Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштитата на децата, а не за нивна политичка злоупотреба. Државата и институциите имаат обврска на децата да им овозможат физички, ментален, духовен, морален и социјален развој, здрав и нормален начин на живот во услови на слобода и достоинство!

ЦИВИЛ во континуитет ги алармира јавноста, институциите, политичките партии и медиумите за злоупотреба на децата за политички цели и бара од институциите да ги санкционираат сите што ги вовлекуваат децата во политиката на било кој начин.

ЦИВИЛ бара од институциите да преземат решителни санкции против сите што ќе се обидат децата и малолетниците да ги стават на својата листа на активности. Едноставно, тоа мора да престане, веднаш!

Извор: ЦивилМедиа

Latest Posts

Не пропуштај