More

    Дрндаревска: Нема политичка волја да се донесе Законот за родова еднаквост, ниту пак Законот за матична евиденција

    Институтот за медиуми и аналитика ИМА од Скопје денес организираше панел дискусија „Медиумите и кампањите со дезинформации и говор на омраза против родова и сексуална еднаквост“.

    Драгана Дрндаревска од „Коалиција Маргини“, на денешната панел-дискусија укажа дека состојбата како денес се прикажани во јавниот дискурс каузите за родова еднаквост и права на ЛГБТ лицата, никогаш не била толку лоша: „Дури и во времето кога се случи првиот „Викенд на гордоста“, кога имавме физички напади врз нас како ЛГБТ луѓе и како активисти за таа кауза, ситуацијата во јавноста не беше волку лоша. Тогаш беше многу јасна нашата позиција на жртви. Значи бевме група на активисти, група на ЛГБТ луѓе, коишто имаат визија за едно поинакво, еднакво општество, и бевме нападнати и како такви баравме правда и заштита од државата, која тогаш беше главен промотор на овие антиродови реторики.“

    Дрндаревска укажа дека „Сега имаме една друга ситуација, каде што ние сме повторно жртва, меѓутоа, ние сме прикажани како злото, како „сотоните“, како оние кои што имаат намера да го срушат семејството, да промовираат педофилија, итн., мислам, јасен е дискурсот. “

    Според Дрндаревска, во собранието нема политичка волја да се донесе Законот за родова еднаквост, ниту пак Законот за матична евиденција: „Доказ дека нема таква политичка волја, е тоа што Законот за матична евиденција беше тргнат без никаква дискусија од дневниот ред од Комисијата за политички систем, ние немавме воопшто ниту можност да дебатираме, да одговориме на сите прашања, сите дилеми коишто ги имаат, него без никакво образложение беше тргнат. Да, сега беше повторно предложен, меѓутоа, од пратеници коишто на една рака се бројат – пет пратенички коишто се наши поддржувачи. Така што, ние не сме ни оддалеку моќни и влијателни, како што МПЦ и останатите антиродови чинители сакаат да не претстават. Ние, замислете, сме успеале, пет пратеници да собереме на наша страна. Со пет пратеници закон не се носи, знаете.“

    Exit mobile version