More

    Изградбата на железничките коридори кон Бугарија, Србија и Албанија e инвестиција за економски раст на Македонија

    Изградбата на железнички пруги значи изградба на историја. На 9 април, далечната 1873 година, првиот воз влечен од парна локомотива пристигнал во железничката станица во Велес и тогаш почнало поврзувањето на Македонија со остатокот од светот.

    По децении запуштеност, приоритет број еден на Владата е изградбата на Коридорот 8 на источниот и западниот дел со што граѓаните и стопанството ќе имаат железнички пристап од Црното и Јадранското Море, како и обнова на пругата кон Србија, но и делови од Грција преку коридорот 10.

    Дополнително со изгласувањето на Законот за либерализација во железничкиот сообраќај се отвора процес за влез на нови оператори кои ќе возат по македонските пруги и со сите овие проекти и мерки и се дава силен инпут во создавање на нов железнички систем кој паралелно ќе се развива и со другите железници во регионот.

    Во моментот активни се проекти за повеќе од 152 километри нови пруги – дел од нив се во подготовка, а дел се во суштинска реализација. На постојни 700 километри ќе се градат дополнителни 20 проценти пруга, завршени се 18 километри на пругата од Битола до Кременица кон Грција, во овој момент се работи на 89 километри на Источното крило на Коридор 8 кон Република Бугарија од Куманово преку Бељаковце до Крива Паланка и потоа до самата граница. Во тек се подготовките и за трасата долаг 63 километри од Кичево преку Струга до Република Албанија.

    Формирана мешовитата комисија на Северна Македонија и Србија која започнала да работи на плановите за изградба на брза пруга од Белград до Скопје со крак до аеродромот во Скопје, завршено е со рехабилитација на дел од јужниот коридор 10 на потег од Неготино до Ногаевци.

    Пругата кон Албанија исто така е државен приоритет попознат како проектот Западно крило за да се поврзат македонските со албанските железници, пред се поради огромниот потенцијал на пристаништето во Драч, што значи поврзување и со пристаништата и во Италија бидејќи најквалитетна, најевтина и најзелена логистика во транспортот на стока е железницата.

    Ние сме единствена држава што од претпристапни фондови имаме добиено 50 отсто од парите за финансирање проекти, а за третата делница од пругата кон Бугарија, која е од Крива Паланка до граница, добивме 155 милиони евра од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан, што е надополнување на претходните 61 милион грант од програмата ИПА 2, или вкупно 216 милиони евра за проект со проценета вредност од 405 милиони евра.

    Изградба на првата фаза односно делницата од Куманово до Бељаковце во должина до 31 километар е во вредност од 40 милиони евра, додека пак од Куманово до Крива Паланка и во следна фаза до границата со Бугарија е инвестиција од преку 700 милиони евра.

    Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски рече дека ова е сериозна вложување и значењето на Коридорот 8 како дел од европската транспортна мрежа и тој е вграден г на мапата на европски коридори.

    – Можам оттука да најавам е дека оваа пруга ќе биде оперативна до крајот на наредната година, кога ќе биде завршена првата делница. Тендерската постапка за третата фаза од Крива Паланка до границата со Бугарија е во заршна фаза. Очекуваме до крајот на годинава да биде распишана тендерска постапка за избор на изведувач на најкомплексната делница на железничката пруга, трета фаза од Крива Паланка до Бугарија“, изјави Бочварски во декември минатата година.

    Тој очекува брз развој и економски раст за компаниите, наведе дека го разбира скептицизмот за изградба на железницата, укажувајќи дека се комплексни проекти.

    На оваа делница целосно е завршена експропријацијата, дека соработуваат со граѓаните во местата каде што поминува пругата, се дава приоритет на животната средина. Во овој дел, како што нагласи, ќе има звучна заштита, подвозник за потребите на месното население, кое во иднина ќе има бенефит.

    За третата фаза која е најтешка за реализација и која во 24 километри има 24 тунели и 51 мост се планира изведбата од 4 години. Реално е во мај оваа година да се објави тендерската постапка и до крајот на годината да се избере изведувач. со што според проекциите до крајот од 2027 година, конечно ќе се заврши пругата кон Бугарија.

    Извор: Рацин

    Exit mobile version