More

    ВАЖНО Е! Мирчевци да се пуштат на најјако

    РИБАРО

    На брифинг со потесното раководство на вмровците, Мицкоски видно задоволен од последните случувања, издал упатство да се започне со медиумска офанзива што ќе резултира со предизборни меѓуетнички тензии, дознава АХА.

    „ВАЖНО Е! Мирчевци да се пуштат сега на најјако. Нека передашат слободарски медуми и интелектуалци со сите оружја. Нека упаѓа Мирчевски во емисии, нека прави конструкции со вадење на текстови од контекст како што прават ботовите што ги плаќаме од социјалните мрежи. Нека клевети и нека хушка меѓуетнички тензии како знае и умее.

    Онаа епизода со бркањето на Рамадани од емисијата не треба тука да застане. Ова е замав кој не смее да стивне ако сакаме да извадиме максимум на изборите кои што ќе ги имаме за неколку месеци. ВАЖНО Е! гласовите на националистите да останат концентрирани во нашата партија“, истакнал Мицкоски.

    Еден од присутните на брифингот изразил загриженост околу улогата на Мирчевски.

    „Шефе, Мирчевски си ги компромитира колегите од телевизијата од позиција на сила. Видовте ли како го пушти по вода водителот на емисијата без око да му трепне. Ваков како што си го знаеме, ако не успееме на изборите ќе ни се мавне и нам од глава. Ќе се извини и огради од себеси повторно како што тоа веќе го направи кога паднавме од власт“, рекол пуленот на Мицко.

    Вие гледајте сега за сега и не му ја мислете многу, нека си мисли за тоа Мирчевски. Сега е битно да го играме. Можеби, ќе удри и некоја песна од Чорба (како и оној пат) снимен сам во кола. „Остани џубре до краја…“ е баш соодветна, ги смирувал Мицкоски своите пулени.

    Со пораката „ВАЖНО Е! медиумите да се слободни“, што правиме?!, прашал полутивко еден од пуленчињата.


    Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.

    Извор: фронтлајн

    Exit mobile version