More

    Груевски до Мицкоски: Доаѓам, издржи уште малку!

    РИБАРО

    Екипата на АХА пресретна краток телефонски разговор помеѓу бегалецот од правдата Никола Груевски и актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во кој Груевски го охрабрува Мицкоски да издржи уште малку.

    „Мицко брате издржи уште малку. Како што се чини, на повидок е моето доаѓање и конечно да ги земам работите под директна контрола. Твое е да одолееш со твоите тврдокорни анти ЕУ ставови и по никоја цена да не паднеш во искушение и да го расчистиш патот на Македонија кон ЕУ. Знаеш добро дека тоа ќе биде погубно за нашите националистички и криминални политики. Знам дека ти си умен и послушен,  па сега не е добро да паднеме на последното искушение. Издржи брате, доаѓам!“, рекол Груевски во разговорот со Мицкоски.

    „Шефе ич не му се секирај, сè е под контрола. Одиме по зацртаниот план. Ни Ескобар, ни ЕУ ни Меу не допираат до мене. Добро знаеш по чии ноти играм јас. До скоро видување!“, одговорил Мицкоски.

    Извор: Фронтлајн

    Exit mobile version