More

    Мицкоски бара, Ковачевски вели – нема избори во 2023 година

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Кисела Вода, прашан од новинарите прашање на што го темели оптимизмот дека ќе има предвремени избори во 2023 година, изјави дека е неодговорно повеќе оваа влада да продолжи да функционира и сѐ погласно е незадоволството во рамките на пратеничките групи на партиите кои што ја подржуваат оваа влада.

    „Тука пред сѐ мислам на ДУИ и на СДСМ бидејќи гледаат како државата тоне, назадува, нема реформи, нема резултати, неспособни криминални политичари ја водат таа влада и охрабрен од тие сигнали што ги добивам од пратеничките групи на СДСМ и на ДУИ, мислам дека оваа година ќе се најдат 61 пратеник кои што ќе го распуштат овој Парламент, ќе одиме на предвремени парламентарни избори и потоа ќе дојде една влада која што ќе биде избрана од народот, народна влада, а не избрана во еден тесен круг на луѓе и премиер избран во тесен круг на луѓе, која што ќе работи за интересите на народот и државата, а не заличните интереси или партиските интереси“, изјави Мицкоски.

    Од друга страна, премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, во вчерашното интервју за јавниот сервис НРТВ изјави дека претстојната 2023 нема да биде изборна година, и го оцени поддржувањето избори на сметка на стратешки прашања како апсолутно несоодветно.

    „Скринингот (со Европската Унија н.з.) треба да заврши во ноември 2023 година и ние најверојатно нема да направиме да се прекине скринигнот сега, по 17 години чекање. Второ енергетската криза нема да застане, како и економската криза, Институциите кои што ќе се справуваат со нив би требало да бидат функционални. Трето, имаме за носење голем број одлуки во Собранието кои што бараат широк општествен и политички консензус и кој што консензус нема избори да го обезбедат“, потенцираше Ковачевски во интервјуто.

    Р.С

     

    Exit mobile version