More

    Иранскиот суд определи смртна казна за две ЛГБТ+ активистки

    Две активистки за права на ЛГБТК+ лицата се осудени на смрт во Иран под обвинение за промовирање хомосексуалност, соопштија денеска активисти и апелираа меѓународната заедница да спречи извршување на пресудата.

    Триесет и едногодишната Захра Седиги Хамедани и 24-годишната Елхам Чубдару се осудени во северозападниот град Урмија, информираше курдската организација за човекови права „Хенгав“.

    Активистките, кои и самите се дел од ЛГБТК+ заедницата, сега се во женското одделение на затворот во Урмија.

    Шади Амин, координаторка на иранската организација за одбрана на права на ЛГБТК+ лица „6Ранг“, со седиште во Германија, ја потврди пресудата против двете млади жени.

    – Ги повикуваме сега Германија и другите странски влади да извршат притиок врз Иран со цел активистките да бидат ослободени, апелираше таа.

    Како што таа додаде, ова не е првпат жена да биде осудена на смртна казна во Иран поради својата сексуална ориентација.

    Извор: Цивилмедиа

    Exit mobile version