More

    Владата ја одреди 2030 како година кога ќе ги заврши преговорите со ЕУ

    Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска одржаа прес-конференција структурата за преговорите со ЕУ којаѓто денеска беше усвоена на тематската седница на Владата.

    Во изјавата на прес конференцијата, на која учествуваше и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, премиерот Ковачевски истакна дека преговарачката структура ќе биде поддржана и од експерти, државни службеници кои со години работат на ова поле, а секако ќе се надградува и со експерти и стручни лица надвор од институциите, но и надвор од државата кои имаат искуство со водење преговори и пристапување на други држави во ЕУ.

    „Нашата заложба и намера е да обезбедиме квалитетна и ефикасна структура која ќе може да се носи со сите предизвици. Сакам да ве уверам дека ова ќе биде инклузивен и транспарентен процес во кој обезбедуваме механизми за вклучување и на граѓанскиот сектор, бизнис заедницата, академската заедница и сите останати засегнати страни и во оваа насока“, нагласи Ковачевски.

    Тој апелираше до сите, вклучително и опозицијата, да го поддржи овој процес за да се затвори што поскоро со целосна мобилизација на сите ресурси со кои располага државата како прашање по кое треба да има обединување за да има развој и напредок.

    „Завршување на преговорите до 2030 е целта која си ја поставуваме. Таа е реална и достижна, и јас сум силно убеден дека во следното проширување на Унијата ќе биде и Северна Македонија. Ќе работиме посветено за нашата земја да биде еднаква со сите други земји-членки, да учествува во креирањето на политиките на Европската Унија, секако со заштита на нашите државни интереси“, истакна премиерот Ковачевски.

    Вицепремиерот Маричиќ во своето обраќање пред новинарите ја образложи преговарачката структура во кое свое место ќе имаат и граѓанскиот сектор и бизнис заедницата.

    „Нашата иднина е во ЕУ, и затоа потребно е преку максимална посветеност и ангажираност, да се вклучиме, да ја искористиме шансата која е пред нас, и со брзи чекор и самоуверено да одиме напред кон полноправното членство во ЕУ. Следува динамичен период за институциите и администрацијата, каде имаме за адресирање бројни аспекти во 6 кластери, 3 области и 33 преговарачки поглавја“, потенцираше Маричиќ и дополни дека низ целосна мобилизација на сите ресурси со кои располага државата, ќе се постигне ефикасно спроведување на потребните реформи и подготвеност за следната фаза – отворањето на Кластерите.

    Exit mobile version