More

    Најмалку 10 лица починале, а 15 се тешко или полесно повредени во напад со нож во провинцијата Саскачеван во Канада

    Најмалку 10 лица починале, а 15 се тешко или полесно повредени во напад со нож во провинцијата Саскачеван во Канада, пренесоа утринава светските медиуми.

    Канадската полиција во неделата соопшти дека трага по двајца осомничени кои се идентификувани како Демиен Сандерсон и Мајлс Сандерсон за кои постои сомневање дека го извршиле овој трагичен чин.

    Нападите се случиле на повеќе локации, а полицијата истражува 13 локации каде се пронајдени мртви или повредени лица.

    Канадскиот премиер Џастин Трудо, на својот Твитер профил напиша: „Нападите во Саскачеван се ужасни и ни го скршија срцето. Моите мисли се со оние кои ги загубија најблиските и со повредените“.

    Трудо соопшти дека се спроведува темелна и ги повика сите коишто имаат информација која може да помогне да се пронајдат сторителите на овој чин да ги достават до полицијата.

     

    Exit mobile version