More

    ЕСМ активно ќе се вклучи во проектите на Отворен Балкан за справување со енергетската криза

    АД Електрани на Северна Македонија информираат дека со максимална вклученост на расположливите капацитети, ја произведува целокупната електрична енергија за граѓаните и малите потрошувачи, а исто така компанијата ќе биде вклучена во реализација на договорените проекти за справувањето со енергетската криза кои ќе произлезат од иницијативата Отворен Балкан и од другите форми на соработка меѓу земјите во регионот, чие директно спроведувања во енергетиката ќе треба да тече преку АД ЕСМ.

    Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, се наведува во соопштението, учествуваше на самитот на иницијативата „Отворен Балкан” во Белград, на тркалезната маса посветена на справувањето со енергетската криза, на која присуствуваа највисоките владини претставници од земјите учеснички, како и претставници од енергетските субјекти и институции, информираат од ЕСМ.

    Ковачевски заедно со министерот за економија на Република Северна Македонија, Крешник Бектеши имале одвоена средба со српската вицепремирка и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ, на која, како што инфомираат, разговарале за соработката меѓу двете министерства во областа на енергетиката, енергетската безбедност и за нови проекти, се додава во соопштението на компанијата.

    Извор: Цивилмедиа

    Exit mobile version