More

    Бате Саше ќе прави журка за сите прислушувани

    Бате Саше вели дека на журката ќе ги покани Београдски синдикат да ја запеат „Систем те лаже, не веруј шта ти каже“…, Бреговиќ со изведба на „Бела чао, бела чао“ и „Калашников“, а на крај ќе заврши со Нови фосили со неговата омилена песна „Е, мој Саша“…

    Им застаре делото на бате Саше и екипицата за незаконското прислушување на околу 20 илјади македонски граѓан(к)и. Честитки! Со ова „пресуда“ се потврди дека функционира правдата во Македонија, и дека никој не е над законот, односно помина времето кога во затвор се лежеше за неколку украдени кебапи!

    Оваа радосна вест, бате Саше ја дознал само неколку дена откако го ожени синот веднаш по грандиозната свадба во Мериот на која присуствуваше македонскиот џет-сет. Бившиот шеф на УБК, и актуелен возач на затворско возило, во ексклузивна изјава за Сатира, вели дека е многу радосен и дека правдата уште еднаш го покажа своето праведно лице.

    „Пред свадбата да знаев дека ќе ме ослободат ќе ги поканев сите заедно да ја прославиме мојата слобода и женидбата на синот. Но, можеби и подобро што испадна така, сепак ќе направам хуманитарна журка на градски стадион за сите прислушувани. Ма нека се веселат луѓето. Знам дека тоа го сакаат“, вели тој.

    На прашањето од каде знае што сакаат граѓаните, почна гласно да се смее и кратко искоментира „добар виц, хахаха“.

    Бате Саше вели дека на журката ќе ги покани Београдски синдикат да ја запеат „Систем те лаже, не веруј шта ти каже“…, Бреговиќ со изведба на „Бела чао, бела чао“ и „Калашников“, а на крај ќе заврши со Нови фосили со неговата омилена песна „Е, мој Саша“…

    На прашањето дали меѓу гостите ќе има и некои луѓе од опозицијата, тој вели дека не само што ќе има, туку тие ќе бидат на првите редови, и не само што ќе пејат туку и оро ќе играат!

    Макарена

    Извор;: ЦивилМедиа

    Exit mobile version