More

    Објавен јавен повик за микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци

    Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува ЈАВЕН ПОВИК за прибирање на барања за финансиска поддршка за микро земјоделски производители на алкохолни пијалаци од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци за 2023 година.

    Право на учество на јавниот повик имаат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства на МЗШВ кои се регистрирани како производители на вино со максимален капацитет на производство до 50.000 литри годишно или земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства на МЗШВ и кои се регистрирани во Електронскиот регистар во Царинската управа како Земјоделци – мали производители на жестоки алкохолни пијалаци или регистрирани во Електронскиот регистар во Царинската управа како независни производители на етил алкохол и жестоки алкохолни пијалаци за комерцијални цели – мали дестилерии согласно Правилникот за начинот на оданочување со акциза на алкохол и алкохолни пијалаци и тутунски производи.

    Право на учество немаат субјектите кои биле корисници на финансиска поддршка и им биле доделени средства од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино од 2022 година.

    На следниот ЛИНК се наоѓаат условите кои треба да се исполнат за учество на јавниот повик и документите што треба да се достават кон Барањето.

    Крајниот рок за доставување на барањата за финансирање е 30 дена од денот на објавување на јавниот повик на страницата на МЗШВ.

    Висината на финансиската поддршка согласно оваа програма изнесува до 300.000,00 денари по корисник без вклучен ДДВ за следните намени:

    -трошоци за набавка на опрема за производство на жестоки алкохолни пијалаци (доработка и преработка на примарни земјоделски производи) во висина до 90% и/или
    -трошоци за ангажирање на стручно лице (технолог за производство на алкохолни пијалаци) во висина до 10% од вкупниот износ од висината на финансиската поддршка по корисник.

    НА ЛИНКОТ може да прочитате повеќе за јавниот повик, деталите, начините и критериумите за аплицирање

    За повеќе информации околу повикот и подготовка на апликации можете да се обратите во #КанцеларијаАгротим на телефонските броеви – 070/ 267- 789, 071/ 285- 385, 071/ 225 – 345, 071/381 – 453

    (Извор: Agrotim.mk)

    Exit mobile version