Последни написи

Дерала ја доби наградата за солидарност за новинари на Асоцијацијата на Југоисточна Европа

Германската Фондација Југоисточна Европа вчера  во германскиот Бунденстаг му ја додели  годишната награда за солидарност за новинари за 2024 година на нашиот колега Џабир Дерала.

Поздравни обраќања имаа Мануел Саразин, претседател на Асоцијацијата на Југоисточна Европа и Јосип Јуратовиќ, претседател на германско-југоисточна парламентарна група на Европа и заменик-претседател на Асосијацијата на Југоисточна Европа.

Јуратовиќ во својот говор се осврна на импресивната кариера на Дерала, велејќи “горд сум што можам да одржан говор денес во чест на една извонредна личност“.

Јосип Јуратовиќ, претседател на германско-југоисточна парламентарна група на Европа и заменик-претседател на Асосијацијата на Југоисточна Европа

„Со оглед на тоа што демократијата во голем дел за заснова на слобода на медиумите, корумпирани медиуми значи крај на демократијата. На некој начин, оттука, медиумската писменост е исто така борба за демократија. Еден од овие борци е Џабир Дерала, а јас лично имам чест да го одржам пофалниот говор на презентацијата на Наградата за солидарност на Асоцијацијата на југоисточна Европа за неговата исклучителна храбра посветеност на слободата на медиумите“, изјави Јуратовиќ на почетокот на своето обраќање.

Дерала во своето обраќање по приемот на наградата истакна дека оваа награда претставува неочекувано, но мошне потребно признание за работата и немилосрдните напори кои тој и неговите колеги ги вложуваат за да осигураат дека фактите преовладуваат над лагите-манипулациите-и-пропагандите.

„Ние го браниме правото да го искажеме нашето мислење и да ги откриваме вистинските приказни на дискриминираните и угнетените, дури и по цена на нашата благосостојба и безбедност. И да, стојам тука денес за да ја добијам оваа награда, но тоа го правам во име на моите колеги кои ги делат истите предизвици секој ден. Не би бил тука без нив. Им се заблагодарувам ним што го направија ова возможно’, изјави Дерала.

Наградата е воведена во 2020 година и се доделува само една за целиот регион на Југоисточна Европа. Дерала е петтиот добитник на оваа престижна награда, по Драган Бурсаќ, БиХ (2020), Уна Хајдари, Косово (2021), Ивана Гордиќ Перц, Србија (2022) и Пелин Ункер, Турција (2023).

Б. Ј.

Извор: ЦивилМедиа.мк

Latest Posts

Не пропуштај