Последни написи

(ИЗБОР) Албански медиуми: Спрската држава забрани соработка на уметници од Србија и Косово; Објавена нова снимка од осомничениот за шпионажа Бедри Шабани; затвор за четири лица за убиството на Ивановиќ

Младинската иницијатива за човекови права вчера по 14 часот добила усно известување од Министерството за внатрешни работи на Србија за забрана на сите настани во рамките на фестивалот „Mirëdita, Dobar Dan”, јавуваат медиумите во Косово.

Основниот суд во Приштина изрече казна затвор на четири лица, за учество во криминална група која го организираше убиството на Оливер Ивановиќ пред шест години, пренесоа косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Косова Прес: Српската држава  забранува соработка меѓу уметници од Србија и Косово

Младинската иницијатива за човекови права вчера по 14 часот добила усно известување од Министерството за внатрешни работи на Србија за забрана на сите настани во рамките на фестивалот „“Mirëdita, Dobar Dan”. Забраната беше официјално соопштена како наредба да се прекине собирот, прво вербално, а потоа и во писмена форма, вклучувајќи ги сите активности поврзани со фестивалот, и јавни и настани наменети само за гости, пренесува Косова Прес.

Бота Сот: Објавена аудио снимката помеѓу Бедри Шабани и Богољуб Јаничевиќ, одговорен за масакрот во Речак

Објавена е уште една аудио-снимка од разговорот на Бедри Шабани, осомничен за шпионажа. Овој пат со одговорниот и нарачателот на масакрот во Речак, Богољуб Јаничевиќ.

Оваа аудио снимка е објавена ексклузивно на „Дебат плус“, каде што се слуша како Бедри Шабани телефонски разговара со Богољуб Јаничевиќ, пренесе Бота Сот.

ТВ Клан: Судот во Приштина изрече затворска казна за 4 лица вмешани во убиството на Оливер Ивановиќ

Основниот суд во Приштина во петокот го осуди Неделко Спасојевиќ на четири години и шест месеци затвор за учество во криминална група која го организираше убиството на Оливер Ивановиќ пред шест години.

Драгиша Марковиќ и Жарко Јовановиќ беа осудени на по четири години затвор, Марко Росиќ на десет години затвор, додека Силвана Арсовиќ беше ослободена.

Ивановиќ беше убиен на 16 јануари 2018 година, пред објектот на неговата партија во Северна Митровица, пренесува ТВ Клан.

АЛБАНИЈА

Сури: Специјалниот суд за корупција  ја оспори одлуката на СПАК за Белери, се откри наредбата од пред 3 месеци

Специјалната судијка Елса Улири го сруши митот дека речиси сите барања на Белер се отфрлени, донесувајќи обврзувачка одлука со која му наложи на СПАК да спроведе истражни дејствија во врска со тврдењата на одбраната.

И доколку овие наводи стојат, би бил забележан невиден момент, каде сите досегашни постапки на судството против Фреди Белери би биле прогласени за ништовни, вклучително и оние за неговата осуда во двата суда.

„Судот оценува дека жалбата во некои негови делови е поткрепена со законот и доказите и поради тоа ова барање треба делумно да се прифати само во однос на овие тврдења, кои ќе бидат анализирани по оваа одлука, пренесува Сури.

КОЛУМНА

Коха: Нов свет

„Гарантирајќи оружје за Украина и литиум за Запад, на Вучиќ ќе му се гарантира цементирање на моќта во Србија и бенигна хегемонија во целиот регион. Така, интересите на Западот и Вучиќ ќе бидат целосно усогласени.

Така, Косово се најде во радикално поинаков свет од 1999 година. Србија повеќе не е заколнат непријател на НАТО, туку драг сојузник на Западот.“, пишува Демуш Шаша во колумната „Нов свет“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири 

Извор: ЦивилМедиа.мк

Latest Posts

Не пропуштај