Последни написи

Дерала ќе ја прими наградата за новинари на Југоисточна Европа во германскиот Бундестаг

Германската Фондација Југоисточна Европа почна со подготовките на церемонијата за доделување на годишната награда за новинари за 2024 година, чиј добитник е нашиот колега Џабир Дерала.

„Со задоволство го објавуваме победникот на нашата Награда #Солидарност за #новинари од Југоисточна Европа за 2024 година, Џабир Дерала од ЦИВИЛ. Честитки“ – се вели во објавата на социјалните мрежи.

 

Церемонијата за доделување на наградата ќе се одржи во германскиот парламент на 4 јули во присуство на претставници од парламентот, владата, медиумите и граѓанското општество.

„Наградата за солидарност ги истакнува и ги пофалува извонредните придонеси на Дерала кон унапредување на демократијата, поддржување на правото на владеење и поттикнување на слободата на печатот низ регионот. Извонредната кариера и влијателните иницијативи на Дерала направија трајна разлика во сферите на човековите права, новинарството и борбата против дезинформациите, се вели во соопштението на оваа голема и значајна германска фондација“ – се вели во соопштението на Фондацијата.

Наградата е воведена во 2020 година и се доделува само една за целиот регион на Југоисточна Европа. Дерала е петтиот добитник на оваа престижна награда, по Драган Бурсаќ, БиХ (2020), Уна Хајдари, Косово (2021), Ивана Гордиќ Перц, Србија (2022) и Пелин Ункер, Турција (2023).

Б. Јордановска

Извор:ЦивилМедиа.мк

Latest Posts

Не пропуштај