Последни написи

(АНАЛИЗА) Етничка и политичка поларизација во контекст на изборите во 2024 година

Пишува: ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

Поларизацијата е повеќе пати истакнувана како еден од поголемите проблеми во земјата,[i]  а констатации, предупредувања и препораки за адресирање на проблемот на општествена, политичка, медиумска, и етничка поларизација можат да се прочитаат во најразлични релевантни извештаи за Северна Македонија.

Институтот за медиуми и аналитика ИМА детектираше поларизација по етничка основа[ii], како пред дебатата за уставни измени во 2023,[iii] така и во контекст на иницираните уставни измени,[iv] кои беа поставени како услов за продолжување на преговорите со ЕУ.  Есента 2023, ИМА јавно укажа на штетните кампањи со пропагандни наративи кои „ги јакнат стравовите, недовербата и ги потпалуваат етнонационалистичките страсти не само кај етничките Македонци, туку и кај другите делови на народи во Северна Македонија, па и пошироко на Балканот“.[v]

Етноцентричните наративи кои поттикнуваа етничка поларизација и потпалуваа етно-политички страсти беа препознатлив белег и во 2024 година, особено во контекст на кампањата за претседателските и парламентарните избори.  За време на изборите во 2024 година, и Мисијата за набљудување на изборите на ОБСЕ/ОДИХР детектираше не само „силна политичка поларизација и фрагментација“, туку и „значителна поларизација по политички и етнички линии“.[vi]  ОБСЕ/ОДИХР јавно укажа дека во текот на кампањата забележала „случаи на дискриминаторска реторика, вклучувајќи и употреба на националистички слогани, како и некои случаи во кои се мешаа постапките на политичките партии со оние на етничките заедници“.[vii]

И Институтот за медиуми и аналитика ИМА во 2024 година детектираше продлабочување на политичката и етничката поларизација, преку користење штетни пропагандни наративи, кои не само што ги потпалуваат етнонационалистичките страсти, туку и поттикнуваат на дискриминација и омраза врз етничка, национална и политичка основа. Во оваа анализа ќе дадеме неколку карактеристични примери за етноцентрични наративи, кои беа дел од јавната и медиумска комуникација пред, за време на кампањата и по одржувањето на претседателските и парламентарните избори во 2024 година, а кои придонесоа за продлабочување на етничката поларизација во земјата.

1. Етничка поларизација со наративот за етничките Македонци како „граѓани од втор ред“ во „нивната сопствена држава“

Политичко-пропагандниот наратив дека етничките Македонци се „граѓани од втор ред во нивната сопствена држава“ беше со години негуван во јавната комуникација од повеќе политички субјекти, вклучително и од партии и политичари со експлицитно проруска ориентација. На пример, Јанко Бачев, лидерот на партијата „Единствена Македонија“ (именувана по урнек на Путиновата „Единствена Русија“), во 2022 година тврдеше дека „во доминантно македонска и православна Македонија ние Македонците станавме странци и граѓани од втор ред“.[viii] Со години Бачев и неговата партија упатуваа пораки дека Македонците се „странци и граѓани од втор ред во сопствената држава“, а слични пораки упатуваа и други проруски партии и политичари.[ix]

Во предизборието во 2024, проруски пропагандисти експлицитно ги прогласуваа Албанците во Македонија како граѓани од прв ред, а Македонците како „граѓани од втор ред во сопствената национална држава.“[x]

Политичко-пропагандниот наратив дека етничките Македонци се „граѓани од втор ред во нивната сопствена држава“ беше негуван и претходно од ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски, а истиот беше препознатлив како еден главните политички наративи во кампањата за двојните избори во 2024 година. На пример, уште во 2019 година, Мицкоски експлицитно истакнуваше дека кај етничките Македонци преовладува чувството дека се „граѓани од втор ред во нивната сопствена држава“.[xi] Агитирајќи во средини каде што главно живеат етнички Македонци, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски постојано упатуваа пораки дека етничките Македонци се граѓани од втор ред (иако редовно плаќале сметки и даноци), а дека етничките Албанци биле привилегирани. На пример, во говор во јули 2023 во Вевчани (најмалата општина со 2359 резидентно население, според пописот 2021), каде што живеат главно етнички Македонци, Мицкоски потпалуваше етнички страсти со наративот за „граѓани од втор ред“, тврдејќи дека граѓаните од Слупчане, каде што живеат главно етнички Албанци, биле привилегирани, иако таму живеат повеќе граѓани, а немаат своја општина.[xii] Ваквиот етноцентричен наратив за граѓани од прв и втор ред, кој генерализираше и ги делеше и спротивставуваше граѓаните на Вевчани (како граѓани од втор ред) со граѓаните од Слупчане (како граѓани од прв ред), подгреваше етно-националистички страсти и ја продлабочуваше етничката и политичката поларизација.

Во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во 2024 година, ваквиот етноцентричниот наратив беше проширен и надграден со тврдењето дека не биле само Македонците граѓани од втор ред, туку и сите други граѓани без разлика на етничката припадност, а кои не биле дел од владејачката елита на СДСМ и ДУИ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски уште на партиската конвенција на 30.03.2024 се обиде да се огради дека „нападот врз ДУИ никогаш не е напад врз Албанците, туку напад врз криминалот кој тие го преставуваат и застапуваат“,  жестоко обвинувајќи ги притоа ДУИ дека сакале да ја уништат Македонија, како во 2001.[xiii]

И на митингот пред владата на 04.04.2024, Мицкоски го користеше наративот дека „Македонците се граѓани од втор ред“, во проширена и надградена форма, таргетирајќи го притоа лидерот на СДСМ и „измеќарите на СДСМ“ затоа што „државата му ја подари на Али Ахмети и тоа на тацна“.[xiv]

Меѓутоа, и покрај тоа што наративот за „граѓани од втор ред“ беше проширен и надграден, и главно користен во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за таргетирање на ДУИ,[xv] политичари од ДУИ,[xvi] од СДСМ,[xvii] а и повеќе аналитичари, не го перципираа истиот како „граѓански“,[xviii] туку како етно-националистички наратив. Меѓу другото, и поради поттекстот,[xix] и поради претходната историја на негова употреба како инструмент за етно-националистичка мобилизација, и поради имплицитните пораки со кои се подгреваа етно-националистички чувства кај етничките Македонци.[xx]

Покрај тоа, наративот за етничките Македонци како граѓани од втор ред беше користен и од други кандидати и партии за време на изборната кампањата, како наратив за етно-националистичка мобилизација. На пример, кандидатката за претседателка од Левица, Билјана Ванковска експлицитно изјави во кампањата дека „македонскиот национализам е во дефанзива, стануваме граѓани од втор ред во сопствената држава“,[xxi] по што Левица испрати порака „Зошто македонскиот национализам се етикетира како нешто лошо“.[xxii] Кампањата на Ванковска со тврдењето дека „Македонците се чувствуваат како граѓани од втор ред“  беше во контекст на нејзиниот слоган „Македонија е сè што немаме“,[xxiii] и нејзината понуда за раскинување на трите договори, кои според неа ги понижуваат македонските граѓани – Охридскиот, Преспанскиот и договорот со Бугарија.[xxiv]

Една од главните пораки на лидерот на Левица, Димитар Апасиев беше етноцентричната порака дека „со Левица, Македонецот веќе не е и никогаш нема да биде инфериорен во сопствената држава“,[xxv] која беше дел од видео објавено на социјалните мрежи, кое само на Фејсбук страницата на Левица имаше над 1.1 милиони прегледи.

И лидерот на ЗНАМ и кандидат за претседател, Максим Димитриевски испраќаше етноцентрични пораки во кампањата, дека кај Македонците било создадено чувство дека се граѓани од втор ред,[xxvi] дека станале граѓани од втор ред,[xxvii] и дека тој немало да дозволи Македонците да бидат граѓани од втор ред во својата држава.[xxviii] Димитриевски во текот на кампањата се обидуваше да мобилизира гласачи со тврдењата дека припадниците на македонскиот народ мора да бидат „граѓани од прв ред“.[xxix]

Иако етно-националистичкиот наратив за Македонците како граѓани од втор ред, користен во кампањите против ДУИ, беше „демантиран“ и од претставници на ДУИ,[xxx] или објаснуван со изразот „предрасуди кај македонската заедница“,[xxxi] сепак некои од нив не криеја дека „национализмот раѓа национализам“ и дека тоа придонесува за партиска мобилизација и кај ДУИ.[xxxii] Партиската мобилизација со скандирањето „УЧК“ кое беше опишано од Али Ахмети како „природно“,[xxxiii] како и личната конфронтација помеѓу Ахмети (кој потсетуваше дека во политиката влегол како „востаник“)[xxxiv] и Мицкоски, несомнено ја продлабочи етно-политичката поларизација. За тоа сведочат и острите политички реакции[xxxv] на изјавите на Ахмети, перципирани како закани.[xxxvi]

Меѓутоа, за разлика од милитантните етно-националистички изливи[xxxvii] и распалувањето на меѓуетничките тензии помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ (кое и од страна на СДСМ беше толкувано како обид за собирање на политички гласови[xxxviii]),  по изборите, наративот за  „граѓани од втор ред“ доби сосема поинаква конотација.[xxxix] По конституирањето на Собранието и изборот на Африм Гаши за нов претседател на Собранието, откако Мицкоски доби мандат за составување влада, наративот за „граѓани од втор ред“ како да ја загуби етничката димензија.[xl]

Накусо, пропагандниот наратив за „граѓани од втор ред“, од чисто етно-националистички наратив („Македонците се практично граѓани од втор ред“ – Мицкоски во 2019 година), постепено се трансформираше и за време на кампањата, за по изборите да поприми форма на навидум „граѓански“ наратив („да нема граѓани од прв и втор ред…“ – Мицкоски, како мандатар).

Несомнено, повеќе политички актери за време на изборната кампања, медиумски и политички го инструментализираа етнонационалистичкиот наратив дека Македонците како мнозински народ биле понижени, потчинети и сведени како граѓани од втор ред „во сопствената држава“. Ваквиот наратив придонесе за потпалување на етно-националистичките страсти и за продлабочување на политичката и етничката поларизација. За жал, свој придонес за тоа имаа и повеќе медиуми, кои со некритичкото пренесување и акцентирање на етно-националистичките пораки,  и самите придонесоа за зголемување на етничката и општествена поларизација.

2. Политичко-пропагандните наративи против „албанизација“ и „косовизација“, против „балисти“ и „нео-балисти“

Потпалувачки етно-националистички наративи против „албанизацијата“ беа инструментализирани од страна на проруските политички фактори во земјата и пред, а особено по формирањето на владата на коалицијата СДСМ-ДУИ.[xli] Веројатно најексплицитен пример за потпалувачки говор, содржан во теорија на заговор за „целосна албанизација“ е еден од наративите на проруската партија „Родина“.[xlii]

Обвинувања за „албанизација на државата“ не беа упатувани само кон владејачката СДСМ, туку и кон ДУИ и нејзините функционери, од страна коалициони партнери на ВМРО-ДПМНЕ.[xliii] Потпалувачки обвинувања дека владејачката СДСМ дозволила „целосна албанизација на државата“ беа зајакнувани од медиумите кои ја фаворизираа ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери и во почетокот на 2024 година.[xliv]

За разлика од нејзините коалициски партнери, пред, но и за време на кампањата, партијата ВМРО-ДПМНЕ не го користеше терминот „албанизација“, туку „дуизација“.[xlv] По изгласувањето на Талат Џафери за прв етнички Албанец како премиер во државата, ВМРО-ДПМНЕ ја обвини владејачката СДСМ и нејзиниот лидер дека „целосно ја уништија Македонија“.[xlvi] И покрај тоа што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ јавно се оградуваше дека „Нападот врз ДУИ никогаш не е напад врз Албанците“ кога зборуваше против „дуизација поточно криминализација на државата“,[xlvii] останува отворено прашањето дали со наративот против „ДУИ-зацијата“ прагматично се адресираа имагинарните стравови кај етничките Македонци од “албанизација“ на Македонија и губење на државата.[xlviii]

Најексплицитен наратив против „албанизација“ користеше партијата Левица. Во предизборниот период, Левица продолжи да користи потпалувачки наративи против „албанизација“, „косовизација“, против „балисти“ и „необалисти“, како дел од нејзините комуникациски стратегии за мобилизација. Такви стратегии Левица користеше и претходно – против „балистичко-врховистичка власт“,[xlix] против „балистичкиот Министер за правда“ и Уставниот суд како „нем посматрач на балистичката демакедонизација“ (со говор на омраза против претседателката),[l] против „балистичките воскресенија“ по собраниската дебата за уставни измени.[li]

Како напредуваше кампањата во 2024 година, така повеќе се интензивираа напорите на Левица за етно-националистичка мобилизација преку наративите против „албанизација“ и „косовизација“, против „балисти“ и „нео-балисти“. Уште во почетокот на 2024 година, Левица се себепромовираше како спречувач на „шверцерската албанизација“ на државните институции и на примената на „Законот за употреба на јазиците“.[lii] На 17 февруари 2024, споделувајќи ја веста „Со интонирање на албанската химна, на денот на независноста на Косово, опозициските партии од албанскиот блок потпишаа Декларација за обединување“, лидерот на Левица, Димитар Апасиев објави Фејсбук статус „Глас за ДПМНЕ е глас за АЛБАНИЗАЦИЈА на Македонија!“, со хаштаг „#КоалиционитеПартнери“. Со потпалувачки наративи против „балистите“, Левица ги напаѓаше градоначалниците во Тетово[liii] и Куманово, испраќајќи порака дека „соживот со балисти ниту имало, ниту ќе има“.[liv] Претставници на Левица за време на кампањата агитираа и против „албанизацијата на турскиот народ во Македонија“ и другите „помали заедници на народностите“.[lv] Лидерот на Левица од Велес ги обвинуваше политичките соперници СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека „власт им е УЧК, оние кои чкртаа по нашите мавровски работници”.[lvi]

И етно-националистичката „Македонска платформа“ на Левица беше медиумски промовирана како браник за „уцените на необалистичките партии“ и „уцените од балистите“,[lvii] наспроти „Тиранската платформа“ (на ДУИ и ВРЕДИ)[lviii] и „Софиската платформа“ (на СДСМ и ДПМНЕ).[lix]  Една од клучните пораки на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, која стана вирална на социјалните мрежи,[lx]  беше дека „Влегувањето на Левица во Собранието со поголем број пратеници би значело брана против сите штетни политики на косоваризација и бугаризација на државата!“. Еден од најгледаните рилови објавени од Апасиев на неговата Фејсбук страница е со порака против „велико-албанскиот шовинизам“, наспроти извадоците од митингот на ДУИ каде што Ахмети скандира „УЧК, УЧК“.[lxi]

И по изборите, Левица продолжи со потпалувачки пораки, против „балистите“ и „бализмот“ кај Албанците,[lxii] и против „необалистичка реторика од страна на политичките партии од страна на т.н „албанскиот блок““.[lxiii] Лидерот на оваа партија, Апасиев, отворено ги нападна „ВРЕДИ“ како „необалисти“ кои играат на карта на „Голема Албанија“.[lxiv]

Пред гласањето на новиот претседател на Собранието, лидерот на Левица јавно изјави дека нивните шест пратеници би поддржале „да не биде Албанец претседател на Собранието“ и му даде јавна „поддршка на невидено“ на Мицкоски, со порака „само да не биде косоваризиран повторно македонскиот парламент“.[lxv] Неколку медиуми ги пренесоа и обвинувањата на Апасиев дека Африм Гаши бил „необалист“ и „македонофоб““.[lxvi] По изборот на новиот претседател на Собранието, Левица обвинуваше дека „Денес Тиранската платформа ја наградивме со КОСОВСКА платформа“ и „Необалистите од ДУИ ги заменивме со необалистите од ВРЕДИ“.[lxvii] Потпалувачките обвинувања на Апасиев кон Мицкоски дека „е на страната на косоваризацијата на македонскиот Парламент“,[lxviii] и наративот на Левица против „косовизацијата“ беа зајакнувани не само од македонски, туку и од српски медиуми. На пример, српска „Политика“ објави наслов „На Северна Македонија и се заканува „косовизација““, тврдејќи дека коалицијата „ВРЕДИ” го прогласила Курти за „претседател на сите Албанци на Косово“, притоа поврзувајќи го Курти со идејата за „голема Албанија“.[lxix]

Левица го засили потпалувачкиот наратив против „необалистичките структури во Македонија“,  обвинувајќи дека имале поддршка од „„патриотите“ од ДПМНЕ за целосно разнебитување на македонската држава и водење кон територијална и јазична федерализација на истата со крајна цел – реинкарнација на фашистичката творба: Голема Албанија.“[lxx] Ваквите потпалувачки наративи и теории на заговор за разнебитување на македонската држава и „Голема Албанија“, насочени кон новото парламентарно мнозинство, дополнително ја продлабочија етничката и политичка поларизација.

3. Етнонационалистички наративи во врска со договорите со Грција, Бугарија, „Францускиот предлог“ и „преговарачката рамка“ со ЕУ

И во изборната 2024 година, во македонските медиуми и во јавната комуникација продолжи трендот на ширење етно-националистички наративи со заплашувачки пораки и имагинарни закани[lxxi] во врска со македонскиот народ, македонскиот јазик и македонскиот идентитет, кои поттикнуваа чувство на загрозеност кај етничките Македонци и етничка поларизација. ИМА во 2022 година веќе укажа дека наративите со дезинформации, заплашувања и теории на заговори за македонскиот идентитет и македонскиот народ по „францускиот предлог“, „креваа националистичка паника, подгреваа етнички страсти, поттикнуваа омраза и нетрпеливост кон ЕУ и Бугарија и натамошни внатрешни поделби на линија „патриоти“ и „предавници“.[lxxii] Исто така, ИМА и во 2023 укажа на етно-националистичките наративи, со кои беа воскреснати старите дезинформации и теории на заговори за „геноцид“ и „етноцид“ на македонскиот народ,[lxxiii] како и теориите на заговор за „бугаризација“ и дезинформациите за македонскиот јазик и историја во контекст на уставните измени.[lxxiv]

Во контекст на изборите во 2024 година, ќе дадеме само неколку примери за етноцентрични наративи во врска со „францускиот предлог“, преговарачката рамка и уставните измени, како што се наративите за „демакедонизација“ и „бугаризација“, кои придонесоа за продлабочување на етничката поларизација. И етноцентричните пораки против Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија, првенствено од „патриотската десница“,[lxxv] дополнително придонесуваа за етничка мобилизација, хомогенизација и поларизација.

Етно-националистичките наративи против „Францускиот предлог“, кои беа зајакнувани и од медиумите, беа составен и битен дел и од политичката кампања во 2024 година. На пример, ТВ Алфа, во посебен прилог против  „францускиот предлог“, го опиша како предлог „со кој бугарските станаа и услови на Европската Унија“,[lxxvi] а некои медиуми, како Нова Македонија, го нарекуваа „француско-бугарскиот предлог“[lxxvii] или „бугарскиот предлог“.

Во текот на кампањата, Мицкоски испрати порака дека со „Францускиот предлог“ Македонија била понижена, дека со него бил заглавен „евроинтегративниот пат на Македонија“,[lxxviii] а ја обвини и власта дека со прифаќањето на „Францускиот предлог“ ја оддалечила Македонија од ЕУ.[lxxix] Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, Гордана Сиљановска – Давкова го потсети противкандидатот Пендаровски дека првично рекол дека треба да се одбие „францускиот предлог“, меѓутоа не останал на ставот.[lxxx] Во својата програма „Македонија повторно горда“, Сиљановска – Давкова тврдеше дека „Преговорите со ЕУ се само отворени но не и започнати“, дека „Ни се наметнува северномакедонски идентитет“ и дека „употребата на македонскиот јазик и неговото именување во меѓународни рамки, ни е оспорено“.[lxxxi]

Лидерот на ЗНАМ и кандидат за претседател, Максим Димитриевски, тврдеше дека „францускиот предлог“ ја содржи суштината на бугарската резолуција со која „сме негирани како народ, нација, јазик, идентитет, континуитет.“[lxxxii]

Левица го нападна ВМРО-ДПМНЕ затоа што е „во коалиција со партија што веќе го прифати Францускиот предлог“.[lxxxiii] Кандидатката на Левица за претседател, Билјана Ванковска за „францускиот предлог“ ги обвини „безрбетниците во македонската влада“,[lxxxiv] а во нејзината програма тврдеше дека „т.н. француски предлог, односно преговарачката рамка … државата ја става не само во подредена туку и во понижена позиција“, и дека „под такви услови, нашиот пат кон полноправно членство е пат на самопоништување“.[lxxxv] Ванковска ги опишуваше „Преспанскиот и Бугарскиот договор“ како „колонизаторски договори“, како „зделки на македонските компрадорски елити кои нѐ продадоа како на сточен пазар, ни ги одзедоа и идентитетот и достоинството“.[lxxxvi] Во однос на Преспанскиот договор, Ванковска експлицитно тврдеше дека „сме се фатиле да му дадеме правна заштита на договор кој не поништува како народ, како идентитет како нација“.[lxxxvii]

Со ваквите политички наративи против „Францускиот предлог“ и договорите со соседите, од една страна, се подгреваа стравови и се ширеше паника за поништување на македонскиот народ, идентитет и нација. Од друга страна, со таквите наративи се зголемуваше етничката поларизација, во функција на етно-партиска мобилизација.

4. Наративите за бугаризација, „бугарски диктат“, демакедонизација

Наративите против „бугаризацијата“, кои беа доминантни политички наративи на повеќе опозициски партии по „францускиот предлог“[lxxxviii] и отворањето на преговорите со ЕУ, станаа препознатлив дел и од политичкиот и медиумски дискурс во изборната 2024 година.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која негуваше политички наративи против „бугаризацијата“ за време на „францускиот предлог“ во 2022 година, го трансформираше својот наратив против уставните измени во 2023 година главно со употреба на изразот „бугарски диктат“. И за време на кампањата во 2024 година, ВМРО-ДПМНЕ и најзиниот лидер Мицкоски продолжија да испраќаат пораки дека „бугарски диктат не можеме да прифатиме“ и „нема да има уставни измени под бугарски диктат“.[lxxxix]

Во услови кога ВМРО-ДПМНЕ комуникациски се откажа од поларизирачкиот израз „бугаризација“, Левица ја виде својата политичка шанса да се промовира како единствена партија која била против „бугаризацијата на Уставот“.[xc] И „македонската платформа“ на Левица беше промовирана, меѓу другото, како платформа против „бугаризација на државата“.[xci]

Сепак, иако повеќето партии учесници на протестите против „францускиот предлог“ во 2022 година се воздржуваа од употреба на изразот „бугаризација“,  поларизирачките наративи кои ги потпалуваа чувствата за опасност од асимилација и бугаризација[xcii] беа забележливи во медиумите и јавната комуникација за време на (пред)изборната кампања.

На пример, од етноцентрична перспектива, на медиум кој традиционално ги промовира и зајакнува ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Стево Пендаровски по првиот круг беше обвинуван за „ступидната бугаризација на Делчев, таткото на нацијата“, при што партијата што го поддржуваше беше оцрнувана како „антимакедонска“.[xciii] Од етноцентрична перспектива, и Албанците на чело на МНР беа обвинувани за олеснување на „бугаризацијата на Македонците“ од страна на експерти кои традиционално застапуваат гледишта блиски до ВМРО-ДПМНЕ.[xciv] Во весникот Нова Македонија, расадник на етноцентрични наративи, и пред[xcv] и по изборите продолжија да се објавуваат анализи против „Бугарскиот“ договор со кој се вршела „бугаризација“.[xcvi]

Покрај етноцентричните наративи кои предупредуваа на опасност од „бугаризација“ и асимилација, пред, за време и по изборите, можеа да се детектираат и поларизирачки наративи во медиумите кои предупредуваа на опасност од „демакедонизација“. На пример, етно-националистички и антиглобалистички наративи за „реалната опасност од демакедонизација и дехуманизација на целата нација“  беа тема на проруските пропагандисти и теоретичари на заговори за време на кампањата.[xcvii]

Иако етноцентричните наративи за опасноста од „демакедонизација“ не беа ширени од политички актери како, на пример, пред и по Договорот од Преспа и во врска со „одбраната на името“,[xcviii] тие беа забележливи во медиумите и во 2024 година. Колку за потсетување,  терминот „демакедонизација“ се среќава и во текстови на Гордана Сиљановска Давкова од 2018 година,[xcix]  во нејзиниот осврт „ЗА „ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“ И ПОШИРОКО“,[c] а како кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, го користеше и во политичката кампања за претседателските избори во 2019 година.[ci] Изразот „демакедонизација“ се користеше и во пропагандните наративи на ВМРО-ДПМНЕ,[cii] но и во пропагандните наративи на Левица,[ciii] особено за време на пописот, кој беше бојкотиран од мрежата на проруски партии и организации, како „попис за демакедонизација“.[civ]

Во почетокот на 2022 година, изразот „демакедонизација“ доби и „научна легитимација“ од претседателот на МАНУ. Во експозето на Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев од 23 февруари 2022, тој нагласи дека било свето право и света должност на МАНУ „да им се спротивстави на сите обиди за демакедонизација на Македонија“.[cv] Дел од медиумите не само што ги зајакнуваа пораките за опасност од „демакедонизација“,[cvi] туку и ги прогласуваа соседските договори како „стравотен инструмент за културен геноцид и демакедонизација“.[cvii] Етноцентричните пораки на Коцарев како академик беа ширени од некои медиуми и во изборната 2024, заедно со дезинформациите дека „Владата, за да започнат пристапните преговори со ЕУ, веќе се согласила дека во Македонија не живеат и никогаш не живееле Македонци“.[cviii]  И по изборите, Коцарев продолжи со етноцентричниот наратив за „демакедонизација“,[cix] кој беше негуван во весникот „Нова Македонија“ за ширење на теории на заговори и дезинформации за Договорот од Преспа.[cx] Дел од заплашувачките наративи за „демакедонизација“ не ги оцрнуваа само соседските договори со Грција и Бугарија, туку и „Преговарачката рамка за демакедонизација“, која беше претставувана како „Последниот клинец во ковчегот за конечно сотрување на македонизмот“.[cxi]

Несомнено, со ваквите заплашувачки наративи за „демакедонизација“, слично како и со наративите против „бугаризација“, „албанизација“, „косов(ар)изација“, се потпалуваат етнички чувства и се продлабочува етничката поларизација во Северна Македонија.

 

(авторот е раководител на истражувања во Институтот за медиуми и аналитика ИМА)

Референци и извори:

[i] Видете, на пример, Кржаловски: Поларизацијата е еден од поголемите проблеми во државата, да не се ставаме во партиски ровови, ima.mk, 22.06.2023.

[ii] Видете Сарачини: Треба поконзистентно и поефикасно справување со дезинформациите и говорот на омраза кои ги нарушуваат односите меѓу заедниците, ima.mk, 16.05.2023: „ИМА низ мониторингот и анализите што ги спроведе минатата година констатира повеќе случаи – особено за теми со меѓуетнички контекст, но и други теми кои ги поларизираат и влошуваат односите меѓу заедниците – констатира повеќе актери, разни актери, кои поттикнуваат поделби и поларизација, омраза и конфликти меѓу заедниците, кои честопати знаат да ескалираат и во насилство.“

[iii] Видете Жарко Трајаноски, Во(н) фокусот на медиумите: Демократски институции, владеење на правото и реформи во јавната администрација – Извештај од мониторинг на медиумите за темите „демократски институции“, „владеење на правото“ и „реформа на јавна администрација“, ima.mk, Скопје, октомври 2023, стр. 29: „Поларизација по етничка основа пред дебатата за уставни измени беше видлива по пропагандното воскреснување на етнонационалистичките митови за „Голема Бугарија“, по комеморацијата за Мара Бунева во јануари 2023, по говорот на омраза и насилството од омраза врз претставници на бугарските клубови, по одбележувањето на роденденот и смртта на Гоце Делчев, по натпреварот Шкупи-Левски во Скопје, итн. Пропагандно воскреснување на етнонационалистичкиот мит за „Голема Албанија“ (особено од страна на руската пропаганда во Србија), беше видливо по посетата на косовскиот премиер Албин Курти во Скопје и Тетово, која беше искористена за етно-политичка поларизација од страна на проруски партии и медиуми во Северна Македонија и во Србија.“

[iv] Видете Жарко Трајаноски, Теории на заговор за „бугаризација“ и дезинформации за македонскиот јазик и историја во контекст на уставните измени, ima.mk, 02.10.2023: „Некритичкиот однос на медиумите кон теориите на заговор за „бугаризација“ и кон дезинформациските наративи за македонскиот народ и јазик, за историјата и идентитетот, придонесе за зголемување на општествената поларизација и за јакнење на малигното влијание на странски актери во македонскиот медиумски простор.“

[v] Видете Панел дискусија на ИМА за уставните измени: Медиумската битка против дезинформациите и говорот на омраза е битка за публиката, ima.mk, 29.09.2023: „Според Трајаноски, заеднички именител на сите овие пропагандни наративи е што испраќаат застрашувачки и загрозувачки пораки упатени главно кон етничките Македонци – пораки дека предложените уставни измени го загрозуваат опстанокот на Македонците и македонскиот народ, дека го загрозуваат македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската историја, како и опстанокот на државата.“

[vi] Видете ПРЕОДЕН ИЗВЕШТАЈ 20 март – 4 април 2024 година, 9 април 2024 година: „Додека предизборното политичко опкружување беше стабилно, изборите се одвиваат во контекст обележан со значителна поларизација по политички и етнички линии. Ова го попречи спроведувањето на законодавните реформи, вклучително и долго планираните реформи на Изборниот законик и сродното законодавство, како и оние што ги бара Европската унија (ЕУ) за пристапување.“

[vii] Видете МЕЃУНАРОДНА НАБЉУДУВАЧКА МИСИЈА ЗА ИЗБОРИТЕ Република Северна Македонија – Парламентарни избори и втор круг на претседателски избори, 8 мај 2024 година, ИЗЈАВА ЗА ПРЕЛИМИНАРНИ НАОДИ И ЗАКЛУЧОЦИ, каде што во фуснота се наведени неколку примери: „На пример, на 7 април, Фејсбук профилот на Левица сподели порака во која се вели дека „е време да се стави крај на влијанието на ДУИ и на албанизацијата на Македонија“.Во периодот на кампањата, Левица даде неколку погрдни коментари против Бугарија, Бугарите и ЕУ. На 18 април, на Фејсбук профилот на лидерот на Левица беше објавена следнава порака: „Бугарите во Уставот е предавство, денес започнува бугарската фашистичка окупација на Македонија“. На 29 април, лидерот на Левица објави политичка програма во која се повикува на државните функционери коишто се етнички Македонци и на укинување на политичките партии организирани врз основа на етничка припадност. Политичарите од ДУИ јавно изразија толкување дека слоганот на ВМРО-ДПМНЕ „Македонија повторно твоја“ е шовинистички и антиалбански.“

[viii] Видете Честитка од Бачев по повод Успение на Пресвета Богородица: Домот, семејството и Македонија се светост и затоа битката за нашите светости е света должност, edinstvenamakedonija.mk, 28.08.2022.

[ix] Видете, на пример, TMРО: Јасно е зошто МАНУ не реагира на БАН,од 40 академици – 17 се етнички Македонци, 12.12.2019: „Тивкото преземање на клучните државни институции од страна на малцинствата кое трае децении наназад, доведе до тоа македонците да бидат граѓани од втор ред во сопствената држава“.

[x] Видете, на пример, Ефтим Клетников, „Албанци и црнци. Таравари и Обама“, Нова Македонија, 28.02.2024: „Албанците во Македонија не се граѓани од втор, туку по 2001-та тие се граѓани од прв ред со Охридскиот, територијалната поделба и Тиранската платформа, а Македонците лека-полека станаа граѓани од втор ред во сопствената национална држава“.

[xi] Фејсбук пост на Hristijan Mickoski, 3.07.2019: „Денеска кога и да прошетате, со кого и да поразговарате, етнички Македонец во Македонија, секаде преовладува чувството дека Македонците се практично граѓани од втор ред во нивната сопствена држава.“

[xii] Видете Мицкоски од Вевчани: Со воведување солидарен данок Владата не е фер кон оние кои редовно ги плаќаат давачките, не смее да има привилигирани граѓани, mia.mk, 28.07.2023: „Еве овде во Вевчани имаме околу 2.500 жители, наплатата е повеќе од 98 проценти на електрична енергија, претпоставувам таа е наплатата и на даноците. Е сега зошто овие луѓе во Вевчани треба да бидат граѓани од втор ред, а овие од Слупчане да бидат привилигирани. Дали и овие треба сега овдека да ги дигнат во воздух транформаторите на ЕВН или нешто друго да направат со што ќе треба да го привлечат вниманието. Дали треба тие тоа да го направат како што го прават нивните сограѓани во Слупчане?“

[xiii] Видете Нападот врз ДУИ никогаш не е напад врз Албанците, туку врз криминалот што го застапуваат, тврди Мицкоски, Република, 30.03.2024 и Мицкоски: Да ја вратиме Македонија на народот – Македонија е твоја и промените зависат од секој од вас, vmro-dpmne.org.mk, 30.03.2024: „Свесен сум дека тоа што не им појде од рака со пушка, сакаат сега од внатре, од институциите да го сторат. Нивната цел е една, а тоа е да ја опљачкаат, уништат, понижат и засрамат Македонија. Да ги понижат оние кои ја бранеа Македонија. Ова се избори кога да се спротивставиме на тоа. На овие избори народот мора да излезе масовно и да гласа. Најпрвин ќе ги пратиме во опозиција, а потоа јас ви гарантирам и ви давам збор ќе одговараат за секоја солза, за секоја пролеана солза на мајка, баба, сестра, за чедото кое ја напуштило Македонија затоа што се чувствувале граѓани од втор ред, затоа што некој им ја украл иднината.“

[xiv] Видете, на пример, Мицкоски: Ковачевски и’ ја подари државата на ДУИ, Макфакс, 04.04.2024: „Ја руинираа државата, нема веќе систем, нема држава, Македонците се граѓани од втор ред, и не само Македонците, граѓани од втор ред се сите други граѓани без разлика на етничката припадност, дали се Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци, сите од оваа држава кои не се Артан, или негови другарчиња, кои не се Бујар или негови другарчиња, кои не се Зечевиќ, Маричиќ, Али Ахмети и Димитар Ковачевски и нивните 100-тина разбојници, кои ја уништија нашата Македонија, сите освен нив се граѓани од втор ред, истакна Мицкоски.“

[xv] Видете, на пример, „АЈДЕ ДА ГО ИЗБРИШЕМЕ ЦЕНЗУСОТ ЗА ВТОРИОТ КРУГ ЗА НИКОЈ ДА НЕ МОЖЕ ДА УЦЕНУВА“ Мицкоски ги повика СДСМ и Пендаровски заеднички да ја направат оваа уставна промена, Плусинфо, 14.04.2024: „Народот по овие избори си ја враќа Македонија. А на криминалците, не можам да кажам за сите, но тие неколкумина во врвот на ДУИ им порачувам со 8 мај завршува Македонија за вас да биде држава во која вие ќе бидете граѓани од прв ред, а сите други граѓани од втор ред. Сега има да одговарате за сѐ што ѝ сторивте на Македонија“.

[xvi] Видете, на пример, Мицкоски: Ветуваа правда, а донесоа артаноиден режим, Фокус, 23.04.2024: „Чуствувам дека народот овојпат е одлучен да се обедини да излезе масовно, да го заокружи бројот 2 и со пенкало да го собориме овој таканаречен артаноиден режим, а јас можам да ви ветам дека сета неправда којашто ја чувствувавте овие 6 ипол 7 години, сиот немоќ, сите порази, сиот грабеж, понижувања и срам којшто го чувствувавте овие 6 ипол 7 години и што се чувствувавте граѓани од втор ред во сопствената држава, ние како влада ќе го исправиме, а злосторниците и луѓето коишто тоа го направија ќе бидат изведени пред лицето на правдата“.

[xvii] Видете, на пример, НЕМА ДА БИДЕМЕ ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД! Мицкоски најави позитивна кампања што ќе ја врати довербата на граѓаните, Плусинфо, 18.04.2024: „Освен неколкумина од ДУИ и малкумина измеќари од раководството на СДСМ, сите останати граѓани имаат чувство дека се граѓани од втор ред.“

[xviii] Како што напредуваше кампањата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се трудеа на овој наратив да му дадат „граѓанска“ димензија. Видете, на пример, Мицкоски: Владее чувството и третманот на власта кон луѓе од прв и втор ред, бранот е голем, очекувам да стигнеме до или близу до 61 пратеник, Курир, 06.05.2024.: „Луѓето се чувствуваат дека имаме малкумина кои се привилегирани и граѓани од прв ред и мнозинство граѓани од втор ред и конечно затоа не чуди оваа бројка на овие избори и ако таа после втор круг се зголеми да надмине 550.000 или 600.000 гласа и не би се изненадил ако ВМРО-ДПМНЕ освои 61 пратеник или биде блиску.“

[xix] Видете, на пример, Мурат Алиу, Ќе донесат ли историските избори подобра иднина?, Республика, 17.05.2024: „Ваквиот наратив на ВМРО-ДПМНЕ и на нивниот лидер создава уверување кај македонските граѓани дека СДСМ им ја предал државата на ДУИ, а во поттекст на Албанците. Цело ова време, главното мото на ВМРО-ДПМНЕ беше дека СДСМ се претворил во „слуга“ на ДУИ. Според ВМРО-ДПМНЕ, Македонците во својата земја почнале да се чувствуваат како граѓани од втор ред. Овој наратив неминовно го зголеми и националистичкото чувство кај македонските граѓани, особено во конзервативните кругови.“

[xx] Видете Љупчо Поповски, 5 заклучоци за неочекуваните резултати од изборите, DW, 27.04.2024: „Кога со месеци, па и цела година наназад Христијан Мицкоски и вмровски првенци го напаѓаа ДУИ од сите орудија, главно со обвинувања за криминал и господарење со државата, тоа имплицитно ги подгреваше националистичките чувства кај Македонците, особено со синтагмата дека се „граѓани од втор ред“.“

[xxi] (Видео) Ванковска: Македонија е се што немаме, прв приоритет – раскинување на Договорот за т.н. добрососедство со Бугарија, Трилинг, 19.04.2024: „Постои намера зборот национализам да се етикетира како нешто штетно. За жал во ваков свет мислам дека македонскиот национализам е во дефанзива, стануваме граѓани од втор ред во сопствената држава, затоа што некој ни набива комплекс дека сме премногу националисти. Македонија е се што немаме“.

[xxii] Видете и (Видео) Ванковска: Зошто македонскиот национализам се етикетира како нешто лошо?!, levica.mk.

[xxiii] Видете Модерен граѓански устав за достоинствена нација најави Биљана Ванковска од Куманово, Kumanovo news, 12.04.2024: „Бидејќи вака, како што тргнала работата Македонија е се што немаме. Ја избришаа, се чувствуваме како граѓани од втор ред во сопствената држава“. Видете и Билјана Ванковска во Тетово ја претстави програмата „Го враќаме достоинството на нацијата“, Тетово инфо, 7.04.2024 : „…земја во која Македонците се чувствуваат како граѓани од втор ред. Ни ја зедоа државата. Нема веќе демос, има само етнос.“

[xxiv] Видете Ванковска: Трите меѓународни договори се штетни за државата, МРТ, 09.04.2024.

[xxv] Видете, Димитар Апасиев (фејсбук), Да ги исцрпиме нивните редови со силата на нашиот КАРАКТЕР“, 03.05.2024 и Обраќање на претседателот на Левица, проф. Димитар АПАСИЕВ пред клучните Парламентарни избори 2024, ФБ Левица, 03.05.2024.

[xxvi] Видете (Видео) Димитриевски: Кај Македонците е создадено чувство дека се граѓани од втор ред, повеќе од 20 години се случува ДУИ-зација, Трилинг, 19.04.2024: „ Политичката елита која е на власт манипулира со меѓуетничките односи, кај Македонците е создадено чувство како граѓани од втор ред. Фрустрирани се, повеќе од 20 години ни се случува класична ДУИ-зација, вечниот партнер во власта.“ Видете и Димитриевски: Mораме да си ја сработиме домашната задача, да имаме држава со силна економија, институции од довербаPressingTV,  24.03.2024:  „Време е црно-сивиот свет да исчезне од Македонија. Ги доведоа Македонците во сопствената држава да се чувствуваат како граѓани од втор ред, наметнувајќи наратив дека Македонија е биетничка држава, држава на две мнозинства и многу малцинства“.

[xxvii] Видете “МАКЕДОНЦИТЕ СТАНАА ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД во сопствената држава “, Вечер, 16.02.2024.

[xxviii] Видете Димитриевски од Прилеп: Нема да дозволам македонците да бидат граѓани од втор ред во својата држава, mediapress.mk, 15.04.2024.

[xxix] Видете: Најголемиот проблем се оние што народот ги бира во континуитет од 30 години, рече Максим Димитриевски, mms.mk, 20.04.2024: „Мора да сме свои на своето и да бидеме како и другите во оваа држава, граѓани од прв ред… Оваа држава ја направил македонскиот народ. И затоа  Македонецот  треба да се крене, да се одважи да каже –  Доста е!“.

[xxx] Видете, на пример, Груби: Тезите на ВМРО-ДПМНЕ дека Ахмети е стопан во државата се неточни, Слободен Печат, 09.04.2024: „Тезите на ВМРО-ДПМНЕ дека ДУИ диктира и дека Македонците се граѓани од втор ред се неточни.“

[xxxi] Видете Ахмети: Сè уште има предрасуди кај македонската заедница, со унапредување на Албанците мислат ќе им се одземе државата, ТВ21, 22.04.2024: „Има се уште предрасуди кај македонската заедница, најголемата заедница. Секое унапредување на Албанците и помалите заедници како што се турската, бошњачката, ромската, се чувствува загриженост дека ќе им се одземе државата од другите што не е така. Охридскиот договор, правата на заедниците што ги добиле само ја зајакнува државата, ја бетонира државата затоа што се зголемува лојалноста на граѓаните во однос на државата“.

[xxxii] Видете, на пример, Османи: Мицкоски успеа да врати едно сеќавање кај Албанците за 100-годишното ропство и потчинување, Локално, 29.04.2024: „Каде ќе ја носиме државата ако мислиме дека ако имаме министер или премиер Албанец, државата била на Албанците?“ Национализмот раѓа национализам, рече Османи на прес-конференцијата по повод Денот на Министерството за надворешни работи.

[xxxiii] Видете: Ахмети: Извиците ОНА се природни, без ОНА немаше да биде денешната Македонија или воопшто немаше да постои, ТВ21, 22.04.2024.

[xxxiv] Видете, Се наѕира ли криза уште пред да се оддржат изборите?, Независен, 29.04.2024„Христијан, во политиката влегов како востаник и нема да излезам без да се откажам, да се разбереме, народот ме гласа 22 години. Јас формирав фронт со албанските политички партии, но го направив овој фронт непобедлив со вклучување на заедниците кои вие ги презирате, како што се турската, ромската и босанската заедница“.

[xxxv] Видете, на пример, Стојанче Ангелов до Али Ахмети: Крени рачна со време!, mkd.mk, 08.06.2024: „На синоќешниот митинг на ДУИ во центарот на Скопје, поранешниот командант на УЧК и сегашен претседател на ДУИ Али Ахмети упати отворена и директна закана до Христијан Мицкоски, која беше придужена со скандирање “УЧК, УЧК, УЧК….“ на кое се придружи и самиот Ахмети силно викајќи “УЧК, УЧК, УЧК…“Мислам дека не треба да потсетувам какви емоции кај Македонците буди спомнувањето на УЧК и тоа во центарот на Скопје, на самиот скопски плоштад, додека присутните вееја безброј албански знамиња и знамиња на УЧК, без ниту едно единствено македонско знаме. Затоа, му порачувам на Али Ахмети да биде внимателен со заканите!#

[xxxvi] Видете Како комуникацијата меѓу ДПМНЕ и ДУИ се сведе на „бисквити, гурабии, криминали, млеко, УЧК“, VOA, 23.04.2024, Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ: „Тие закани се акт на нервоза, но и закани кои многу кажуваат за структурата на Али Ахмети. Секогаш кога ќе ги фатите со криминал се повикуваат на УЧК. Секогаш кога ќе ги фатите за корупција повикуваат на војна. Секогаш кога ќе им кажете дека ќе одговараат велат дека ќе се случела беља. Да им порачам од овде ова не е 2001, ова е 2024, прво. Второ, ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ не е исто како тоа од 2001 година и ние нити ви се плашиме, нити ќе ви попуштиме, нити ќе седнеме на иста маса со вас да преговараме, камо ли да се договориме“.

[xxxvii] Видете Ерол Ризаов, Нека ви се среќни раните „јунаци“, DW, 21.05.2024: „…предизборните битки се префрлија на теренот на патриотизмот и на  меѓуетничките омилени теми за граѓани од прв и втор ред, „Македонија повторно твоја“, УЧК, УЧК, УЧК…. Тетово главен град, овации за премиерот на Косово Албин Курти и слични милитанти и националистички изливи.“

[xxxviii] Ковачевски: Гласот за ВМРО носи само меѓуетнички тензии, заробени медиуми, замолчени граѓани, натепани студенти, sdsm.org.mk, 28.04.2024: „Уште повеќе сум сигурен дека ниту еден граѓанин не сака да се вратиме повеќе од 20 години наназад и повторно да се распалат меѓуетничките тензии. Но, очигледно ВМРО и ДУИ се подготвени и на тоа само за да соберат некој политички глас плус“.

[xxxix] Видете, Ерол Ризаов, Ќе понуди ли Мицкоски кралство за коњ?, DW, 04.06.2024: „Заврши опасноста од албанската наезда, дека Македонците се граѓани од втор ред во сопствената држава. Сега стрепиме од обратното цунами,  од албанско незадоволство на нивните победници на изборите што го подготвуваат Али Ахмети и ДУИ за како велат против  мајоризацијата на ВМРО ДПМНЕ и игнорирање на изборната определба на Албанците.“

[xl] Видете Мицкоски по добивањето на мандатот: Со новата реформска влада ќе нема граѓани од прв и втор ред, Макфакс, 06.06.2024: „Набргу ќе биде составена новата реформска влада, која ќе ги движи процесите напред. Граѓаните да се чувствуваат убаво, да нема граѓани од прв и втор ред…“

[xli] Видете, на пример, Заев врши брутална албанизација на државните органи со административци-Албанци, edinstvenamakedonija.mk, 22.03.2018.

[xlii] Според една колумна објавена на страницата на „Родина“, СДС има задача да ги уништи Македонија и Македонците“ и „следува целосна албанизација како засилување на етничкото чистење со помош на мигрантите што планираат да ги населат, а за кои усаид имаат спремено план и логистика.“ (Колумна на страницата на „Родина“, 02.05.2019)

[xliii] Видете, на пример: СПМ: Османи треба да си оди, да се одржат итни парламентарни избори, А1он, 15.02.2023: „Актуелниот министер Бујар Османи постојано потврдува дека работи против интересите на Македонија. Неговите настапи се неубедливи, недржавнички и без смисла. Се залага за албанизација на државата Македонија и за признавање и штитење на интересите на други држави во меѓународни рамки.“

[xliv] Видете, на пример, Грчева: Варварите од СДС-ДУИ ќе го „испушат“ на 8.5, но мора да бидат казнети за сите недела против РМ и македонскиот народ!, expres.mk, 27.02.2024: „Откако нѐ пребришаа како Македонци, алчниот СДС дозволи целосна албанизација на државата, само да се одржи на власт.“

[xlv] Видете, на пример, Мицкоски: Се случува ДУИЗАЦИЈА на системот – кој ни носи дуизација на Македонија, Канал 5, 11.05.2023.

[xlvi] Видете, на пример,  ВМРО-ДПМНЕ: Со Талат премиер се случува целосна ДУИзација, Канал 5, 09.12.2023: „СДС и Димитар Ковачевски целосно ја уништија Македонија… На Македонија и се случува ДУИзација, а Ковачевски е директно одговорен за тоа.“

[xlvii] Видете Мицкоски: Нападот врз ДУИ никогаш не е напад врз Албанците, туку напад врз криминалот кој тие го преставуваат и застапуваат, vmro-dpmne.org.mk, 30.03.2024.

[xlviii] Видете, на пример, Глигор Стоименов, РЕШЕНИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА, ПО 8 МАЈ, Либертас, 18.04.2024, кој смета дека од стравот од „албанизација“ кај етничките Македонци најмногу политички профитира ВМРО-ДПМНЕ: „Впрочем ако направите една кратка анализа меѓу граѓаните ќе видите дека главното незадоволство и гласање за Македонската десница и за ВМРО-ДПМНЕ пред се, одат токму од тој некој имагинарен “страв“ од “албанизација“ на Македонија. Во ова се убедени голем број Македонци и ќе го дадат својот глас за ВМРО-ДПМНЕ спремни да ја жртвуваат дури и европската иднина и демократијата во земјата, само за да им стават ред на Албанците, зошто нели ја “изгубивме државата“.“

[xlix] Видете Балистичко-врховистичката власт го легитимира насилството како алатка за разбивање на протести, Антропол, 22.07.2022.

[l] Видете Апасиев: Уставниот суд е нем посматрач на балистичката демакедонизацијата на Македонија, Антропол, 22.06.2023: „Наместо Уставниот суд да донесе времено решение со кое ќе го суспендира контроверзното Упатство на балистичкиот Министер за правда, тој е нем посматрач на демакедонизацијата спротивна на Уставот! Ах Кацарска, Кацарска. Гнидо една режимска!“ – Напиша Апасиев на својот фејсбук профил.“

[li] Видете Исмаил: Барањата за некакви албански општини сами на патот кон ЕУ се балистички воскресенија!, 18.08.2023.

[lii] Видете, на пример,  Со 750 амандмани Левица блокира шверцерска албанизација на државното правобранителство, Антропол, 13.02.2024: „Левица не го признава насилнички и шверцерски донесениот т.н. „Закон за употреба на јазиците“ објавен без потпис на Претседателот на Републиката и со фрлени амандмани на опозицијата и секое т.н. усогласување со него го смета за нелегитимно и е подготвена да го спречи со сите демократски средства кои ни стојата на располагање!“

[liii] Видете „Соживот во Тетово: Помеѓу стравот од изгубената хармонија и очекувањата за подобро утре“, Антропол, 30.04.2024, каде што кандидатот за пратеник од Левица зборува против „необалистичкиот градоначалник Касами, кој исклучиво работи против македонското население и кауза“.

[liv] Видете Мојсоска: Агендата на Касами е тотално необалистичка и насочена кон рушење на АСНОМ, Антропол, 19.03.2024: „…агендата на Касами е тотално НЕОБАЛИСТИЧКА и насочена кон рушење на антифашистичките темели на АСНОМ. Додека ДПМНЕ како нивен коалиционен партнер во Тетово МОЛЧИ пред отворената негација на жртвите во антифашистичката борба. И да, соживот со балисти ниту имало, ниту ќе има!“ и Максим и Знам ништо не знаат за балистичкиот споменик во Воиновиќ, Антропол, 21.03.2024: „Дали градоначалникот Максим Димитриевски овој пат ќе постапи согласно законите и ќе ја сруши балистичката дивоградба во Куманово или ќе продолжи со неговиот принцип на владеење – ништо НЕ ЗНАМ, порачаа од Левица.“

[lv] Видете Исмаил: Македонските турци нема да бидат манипулирани од мунафиклукот, Антропол, 31.03.2024: „Бинационалноста како политички мотор на албанците во Македонија создаде услови во кои тивко исчезнуваат, односно се албаницираат (или поточно, косоваризираат) сите помали заедници на народностите – а најпогодена заедница од тоа е секако турската заедница“.

[lvi] Видете Инстаграм, Левица, 23.04.2024.

[lvii] Видете Левица: Македонска платформа за да ги запреме уцените од необалистичките партии, Антропол 29,04 2024; Апасиев: Македонската платформа за да запрат уцените од балистите, Антропол, 30.04.2024.

[lviii] Апасиев: Левица ќе коалицира со влада која ќе ги прифати црвените линии во одбрана на македонската држава, Макфакс, 29.04.2024: „Имате три платформи. Првата платформа е Тиранска платформа зад која стојат необалистички партии на албанското малцинство без оглед дали е ДУИ, дали е коалиција ВРЕДИ – тоа е еден ист концепт, кој води кон разградување на државата.“

[lix] Видете Апасиев од Битола: Меѓу Тиранската платформа на албанските партии и Софиската на СДСМ и ДПМНЕ, ќе победи нашата Македонска платформа, 365, 29.04.2024.

[lx] Видете Апасиев во Штип, Фејсбук страница на Левица, 2 мај 2024, видео со над 500 илјади прегледи.

[lxi] Видете Фејсбук страница на Димитар Апасиев и Инстаграм на Левица.

[lxii] Видете Исмаил: ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛАДА – Братство единство Vs мултикултурализам, Антропол, 12.05.2024: „Денеска идеите на бализмот се станати еден вид гордост и главна одлика на албанското милје и култура помеѓу албанците во Македонија.“

[lxiii] Видете, Левица: Осквернавено срцето со македонското знаме во Гостивар, Антропол, 22.05.2024.

[lxiv] ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Димитар Апасиев, Левица: Историјата ни се повторува, а пред нас е идеолошката поделба на партизани, врховисти и балисти, Слободен Печат, 23.05.2024: „Вреди“ се необалисти и тоа е многу опасно. Тие се отворено со карти на „Голема Албанија“, видете ги спомениците на оние „кољачите“ во Гостивар, сквернавењето на спомениците на македонското знаме, тоа е сè нивно масло. Тие што сега доаѓаат се полоши, бидејќи не ја чувствуваат државата за своја.“

[lxv] Видете, на пример, Апасиев: Левица нема да поддржи Албанец да биде претседател на Собранието, Алсат-М, 28.05.2024: „Ние би дале поддршка од нашите шест да не биде Албанец претседател на Собранието. Отворено го повикуваме Мицкоски, бланко поддршка на невидено само да не биде косоваризиран повторно македонскиот парламент“. Видеото од Сител ТВ  „Апасиев: Го поддржуваме Мицкоски, само да не дозволи косовaризација на македонското собрание“ имаше голема гледаност на youtube и tik-tok.

[lxvi] Видете, на пример, Африм Гаши избран за нов спикер – 76 пратеници гласаа „ЗА“, против беа од Левица, СДСМ не гласаше, а од ДУИ беа отсутни, Телма, 28.05.2024: „Ние немаме проблем што Африм Гаши е Албанец. Имаме проблем што е „необалист“ и што е „македонофоб““.

[lxvii] Видете Мојсоска: Тиранската платформа се надгради во КОСОВСКА платформа, Антропол, 28.05.2024: „Денес Тиранската платформа ја наградивме со КОСОВСКА платформа, па иредентистите кои го чекаа Курти со знамиња на голема Албанија, добија втор човек на државата. Необалистите од ДУИ ги заменивме со необалистите од ВРЕДИ, а наместо на “баци рака” кај Еди Рама, државниот врв ќе оди на “баци рака” кај Курти.“

[lxviii] Видете Инстаграм, Левица, 01.06.2024: „Ние ви понудивме Македонска платформа, а вие ја одбравте Тиранската.“

[lxix] Видете, Северној Македонији прети „косовизација”, Политика, 30.05.2024: „Не треба да се изгуби од вид дека коалицијата „Вреди“, чиј претседателски кандидат беше д-р Арбен Таравари, редовно се консултираше со Албин Курти. Истата коалиција го прогласи Курти за претседател на сите Албанци во Тетово и застана за промена на името на дел од улицата во Скопје во чест на Адем Демачи, идеологот на таканаречената Република Косово и „Голема Албанија“, чиј пат Курти се обидува да продолжи“.

[lxx] Видете Левица: ДПМНЕ ја устоличува противуставната двојазичност, Антропол, 29.05.2024: „Во духот на крунисувањето на необалистот, поранешниот претседател на политичката партија Алтернатива, Африм ГАШИ, за претседател на собранието на Република Македонија, се поставува едно многу легитимно прашање: Дали ДПМНЕ ја продолжува големоалбанската агенда на новите коалициони партнери?“

[lxxi] Ваквите потпалувачки и поларизирачки наративи со дезинформации, кои вклучуваа имагинарни закани не само за македонскиот идентитет, туку и за македонскиот народ, според експертите за дезинформации на ЕУ, беа клучни за „подривање на учеството во референдумот за промена на името“. Видете Mapping Fake News and Disinformation in the Western Balkans and Identifying Ways to Effectively Counter Them, Policy Department for External Relations Directorate General for External Policies of the Union, February 2021 p. 30.

[lxxii] Видете Жарко Трајаноски, „ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМСКИ МАНИПУЛАЦИИ И ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР ЗА „ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ“ Во Францускиот предлог“: Говор на омраза, дезинформации, медиумски манипулации (медиумски анализи), ИМА, 2022.

[lxxiii] Видете Жарко Трајаноски, Наративи за уставни измени: Воскреснување на старите дезинформации и теории на заговори за „геноцид“ и „етноцид“ на македонскиот народ, ima.mk, 14.09.2023.

[lxxiv]  Видете Жарко Трајаноски, Теории на заговор за „бугаризација“ и дезинформации за македонскиот јазик и историја во контекст на уставните измени, ИМА, 02.10.2023: „Некритичкиот однос на медиумите кон теориите на заговор за „бугаризација“ и кон дезинформациските наративи за македонскиот народ и јазик, за историјата и идентитетот, придонесе за зголемување на општествената поларизација и за јакнење на малигното влијание на странски актери во македонскиот медиумски простор.“

[lxxv] Видете Љупчо Поповски, 5 заклучоци за неочекуваните резултати од изборите, DW, 27.04.2024: „Патриотската десница“ го преплави наративот со пораки дека „Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и францускиот предлог се пропаст за Македонија, изневерување на македонскиот народ, на неговите историски корени, на неговата вековна борба, на гордото минато“.

[lxxvi] Видете, на пример, „ВО ФОКУС“- Плодови на седум години СДСМ и ДУИ: Прифатен Француски предлог контра волјата на Македонците!, Алфа, 12.03.2024, каде што се тврди дека „Покрај самиот Француски предлог, Македонија прифати и два протоколи, сите по вкус на Бугарија, на штета на Македонија“.

[lxxvii] Видете, на пример, Сашо Таневски, Зар Софија да го креира македонскиот општествен дискурс во предизборието?!, Нова Македонија, 08.03.2024.

[lxxviii] Видете, на пример, Мицкоски: Со „францускиот предлог“ власта ги понижи граѓаните на Македонија, Фокус, 03.04.2024 и КОМУ „СЕЧЕЛЕ СТОМАК“, А КОЈ Е НЕОДЛУЧЕН Ковачевски и Мицкоски влегоа во клинч за францускиот предлог, Плусинфо, 03.04.2024, Мицкоски: „… не само што ја понижија Македонија и не само што ја ставија во подредена положба, туку и се обидоа да манипулираат со свеста и интелигенцијата на граѓаните гледајќи ги во очи и лажејќи ги и како свесно да работеа за интересите за Бугарија и сега го заглавија евроинтегративниот пат на Македонија“.

[lxxix] Видете ОВА НЕ СЕ ИЗБОРИ ЗА ЕВРОПА ИЛИ ЗА ИЗОЛАЦИЈА Оваа власт ја оддалечи Македонија од ЕУ, обвини Мицкоски, Плусинфо, 11.03.2024: „Дури и ова последново што беше потпишано и наречено Француски предлог, лага и тоа голема лага е дека е практично договор за членство за ЕУ. Ова е договор со кој што дополнително ќе се отвори процесот на дополнителни би рекол условувања и ќе го направи самиот пат невозможен би рекол за Македонија и македонските граѓани“.

[lxxx] Видете, на пример, Силјановска на Инстаграм со порака „Пендаровски рече дека треба да се одбие францускиот предлог меѓутоа не додржа на тоа!“.

[lxxxi] Видете Платформа Македонија повторно горда, стр. 10 и стр. 16.

[lxxxii] Видете „Само Интервју“ со Максим Димитриевски 14.03.2024 2 дел: „Во делот на преговарачката рамка и во сите содржини на „францускиот предлог“ вие ја имате суштината на бугарската резолуција којашто е усвоена на бугарскиот парламент, каде што ние сме негирани како народ, нација, јазик, идентитет, континуитет. И тоа апсолутно не треба да биде прифатливо – Зошто? Затоа што Македонецот не смее да си дозволи да се само себеси негира и само себеси поништи“. Видете и Францускиот предлог не ја содржи бугарската негаторска резолуција, Вистиномер, 15.03.2024.

[lxxxiii] Видете ДПМНЕ во коалиција со партија што веќе го прифати Францускиот предлог, Антропол, 29.03.2024.

[lxxxiv] Видете (ИНТЕРВЈУ) Ванковска: Би сакала да бидам народен претседател – од народот за народот!, Фокус, 19.04.2024: „Францускиот предлог дојде како резултат на безрбетниците во македонската влада“… преговори не сме почнале, а тоа веќе го доби една Украина разурната од војна, воено профитерство, колапс на државата“.

[lxxxv] Видете, Билјана Ванковска, „Го враќаме достоинството на нацијата“, стр. 13.

[lxxxvi] Видете Ванковска: Преспанскиот и Бугарскиот договор се колонизаторски договори, Макфакс, 28.03.2024

[lxxxvii] Ванковска: Дури и да го смениме Уставот, вакви нема да не примат во ЕУ, Либертас, 28.03.2024.

[lxxxviii] Видете,  Жарко Трајаноски, Теории на заговор за „бугаризација“ и дезинформации за македонскиот јазик и историја во контекст на уставните измени, ima.mk, 02.10.2023: „Дезинформациските наративи кои содржат теории на заговор за „бугаризација“ беа пропагирани од лидерите на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ во контекст на „францускиот предлог“ и отворањето на преговорите со ЕУ. Откако Собранието ги усвои заклучоците за „францускиот предлог“, Мицкоски обвини за „предавство чиј план е асимилација и бугаризација на македонскиот народ“. Опозицискиот дискурс против „бугаризацијата“ во контекст на „францускиот предлог“ беше зајакнуван и радикализиран и од проруски политичари“.

[lxxxix] Видете Мицкоски: Нема да има уставни измени под бугарски диктат, Канал 5, 03.04.2024, Мицкоски до Ковачевски: Ве гледам во очи и ви велам, нема да има уставни измени под бугарски диктат, Курир, 03.04.2024 и Мицкоски: Внесот на Бугарите во Уставот е диктат кој го прифати оваа Влада, не ја гледам потребата за внесување на Бугарите кои ги уживаат сите права, vmro-dpmne.org.mk 22.04.2024.

[xc] Видете, на пример, „САМО ВАНКОВСКА И ЛЕВИЦА СЕ БОРАТ ПРОТИВ БУГАРИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА“ На иницијатива на оваа партија се затвори „фашистичкиот клуб“ во Битола, потсети Мојсоска, Плусинфо, 08.04.2024: Носителка на листа во ИЕ5 Јована Мојсоска: „Граѓаните можат да видат дека единствено Левица и единствено професорката Ванковска се против бугаризацијата на Уставот.“

[xci] Апасиев: Македонската платформа против косовизација и бугаризација, mkd.mk, 05.05.2024: „Поголем број пратеници од Левица во Собрание би значело брана против сите штетни политики на косовизација и бугаризација на државата“.

[xcii] Видете Ерол Ризаов, Го препознавте ли вистинскиот патриот, DW, 12.03.2024:„И конечно постојано ечи силна тревога за спасување на Македонија од опасноста за губење на идентитетот, јазикот, писмото, историјата, опасност од асимилација и бугаризација, опасност од домашни непријатели и странски платеници, опасност од дволичната и протекционистичка Европа, опасност од Америка и НАТО, опасност од сè што мисли поинаку од врховните патриоти.“

[xciii] Видете Љупчо Цветановски, Стево викан минусот, Курир, 25.04.2024: „Ненадоместливиот минус од 182000 гласа кои те прават најгубитнички комуњарски кандидат со најмалку освоени гласови во историја на антимакедонската ти партија се резулат на твојата неконзистентност, на ступидната бугаризација на Делчев, таткото на нацијата.“

[xciv] Видете, на пример, Ристо Никовски, Клучен пресврт, Плусинфо, 30.05.2024: „За крај, што мислите – зошто веќе со години, министерот и неговата заменичка во МНР – се Албанци? Дали се тие, со помош од „нашите стратегиски партнери“, наместени таму за најлесно, без емоции, да го решат „Македонското прашање“? За да се олесни бугаризацијата на Македонците, де?“

[xcv] Видете, на пример, Далибор Станковиќ, Билатералните договори што ја ништат неприкосновена Македонија,  Нова Македонија, 15.03.2024. Видете и Панде Колемишевски, Кои прашања и теми во кампањите НЕМА да носат гласови?, Нова Македонија, 04.04.2024: „Францускиот предлог наместо да ги подобри, ги влоши односите со Бугарија… Предлозите на Макрон наместо да ги цементираат, ги оживеаја и наметнаа заборавените историски дискусии за бугаризација и асимилација и внесоа сомнежи кај новите македонски поколенија.“

[xcvi] Видете, на пример, Игор Јанев, Со Преспанскиот договор нашиот идентитет е трајно изменет, Нова Македонија, 04.06.2024: „Преспанскиот договор е анихилаторски договор со кој се врши национална анихилација, а Бугарскиот го поништува македонскиот идентитет и го вградува својот, а всушност се врши асимилација. Тоа е тој процес на бугаризација. Ако се раскине договорот со Бугарија ќе се спасиме и од француската преговарачка рамка бидејќи основата на таа рамка е бугарскиот договор.

[xcvii] Видете Суверенистички Разговори-Сенките на глобализмот над Македонија, Слободен Свет, 14.03.2024.

[xcviii]  Видете, на пример, ДЕМОНСТРАНТИТЕ ПОРАЧАА: Се врши демакедонизација на Македонија, Фактор, 27.02.2018: „Се врши демакедонизација на Македонија, беше порачано вечерва на протесот за одбрана на името Македонија во Скопје.“

[xcix] Силјановска – Давкова: Република Македонија меѓу фиромизација, македониџизација и демакедонизација, expres.mk, 17.02.2018.

[c] „Тезата дека со промена на името ќе го зацврстиме националниот идентитет, во отсуство на придавката „македонски“ пред националните институции, државните и јавните , финансирани од државата, е“wishful thinking”!! Всушност, во прашање е деноминација, денационализација(како демос) и демакедонизација (како демос), непозната во современите меѓународни и билатерални односи.“

[ci] Видете Силјановска: Преименувањето на институциите е демакедонизација, правдата за Македонија мора да победи!, Нетпрес, 11.03.2019.

[cii] Видете, на пример, Заев спроведува демакедонизација преку Георгиевски и Бучковски, ги укинува катедрите по македонски јазик и македонска книжевност, Нетпрес, 5.03.2021: „Заев планира и спроведува демакедонизација на се што е македонско во Република Македонија. Едноставно, обезличување на идентитетот, јазикот, историјата, народот, нацијата, државата и се она кое што не прави горди Македонци, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.“

[ciii] Видете (Видео) Апасиев: Се спроведува процес на демакедонизација на Македонија, Антропол, 07.04.2022: „Преку оваа демакедонизација, сакаат да нè направат Курди на Балканот. Да бидеме брутално искрени. Швајцарија, ама Швајцарија нема Швајцарци. За да ние бидеме Швајцарија на Балканот треба да нема Македонци.“

[civ] Видете, на пример, фејсбук страница „Не отварам врата“, 15.09.2021, каде што е објавено видео од медиумско гостување на Апасиев на Канал 5, со порака „Ова е ПОПИС ЗА ОТПИС на Македонците, попис за демакедонизација и попис за косоваризација на Македонија.“

[cv] Видете „Македонската академија на науките и уметностите во 2021 година и предизвиците на МАНУ и на земјава во претстојниот период, а пред сѐ, во 2022 година“: „Со ваквиот потег – чествувањето на 120-годишнината на МАНУ, која е должна да ги чува и да ги негува стожерите на македонскиот народ – македонскиот идентитет, јазик и култура, институционално ќе пратиме, ако ништо друго, барем симболичка порака дека не сме народ без корен, што, според мое мислење, особено во овие услови, не само што е свето право туку е и света должност на МАНУ да им се спротивстави на сите обиди за демакедонизација на Македонија.“

[cvi] Видете, на пример, Коцарев: Постои опасност од демакедонизација, Трилинг, 29.07.2022.

[cvii] Видете Соседските договори со Грција и со Бугарија стравотен инструмент за културен геноцид и демакедонизација, Н.Македонија, 06.11.2023.

[cviii] Видете „Полиграф“: Кој дезинформира дека Владата се согласила дека во Македонија не живеат и никогаш не живееле Македонци?, ima.mk, 23.04.2024:  „На 4 април 2024, неделникот „Македонско ехо“ објави интервју со академикот и доскорешен претседател на МАНУ Љупчо Коцарев, во кое тој заклучува дека „Владата, за да започнат пристапните преговори со ЕУ, веќе се согласила дека во Македонија не живеат и никогаш не живееле Македонци“. За ова тврдење, Коцарев ги зема предвид договорите со Грција и Бугарија, и преговарачката рамка како „официјален документ на ЕУ“.

[cix] Љупчо Коцарев, Повик за отпор, Нова Македонија, 23.05.2024: „Тоа што денес нам, на Македонците, ни се случува, за многумина е (културен, идентитетски) геноцид без разлика дали некогаш воопшто ќе се води судска постапка… Ги убиваме сопствените внуци и нивните деца, ги убиваме како поддршка на политиките за натамошната демакедонизација на Македонија и создавање нова „лабораториска нација“.“

[cx] Видете Стравотни манипулации на Атина со Преспанскиот договор, Нова Македонија, 21.05.2024. Коѕијас за „Преспанскиот“: Со еден договор избришав една држава и еден народ со целата негова историја, традиција, култура и вредности!, Expres, 21.05.2024. Видете и Измислена изјава на Коѕијас за Преспанскиот договор се споделува на социјалните мрежи, Вистиномер, 29.05.2024.

[cxi] Видете, на пример, Гроздан Цветковски, Денот на Мрмотот, Фокус, 11.05.2024: „Последниот клинец во ковчегот за конечно сотрување на македонизмот беше удрен со прифаќањето на Преспанскиот договор за промена на уставното име, Договорот со Бугарија и Преговарачката рамка за демакедонизација.“

Latest Posts

Не пропуштај