More

    Публикацијa на ИМА: „Етничка поларизација во медиумите и јавната комуникација за време на изборните процеси (анализи)“

    Денес во Europe House во Скопје, Институтот за медиуми и аналитика ИМА ја промовираше публикацијата „Етничка поларизација во медиумите и јавната комуникација за време на изборните процеси (анализи)“, која донесува анализи на Жарко Трајаноски – раководител на истражувања во ИМА, проф. д-р Мирјана Малеска – универзитетски професор по политички науки и проф. д-р Сефер Тахири – универзитетски професор по новинарство и комуникациски науки, истакнати автори со големо искуство во истражување на политичката и медиумската комуникација поврзана со меѓуетничките односи.

    Цел на анализите е да ги детектираат главните наративи и модели на етничка поларизација во медиумското известување и јавната комуникација на учесниците во изборните процеси во земјава, како и да укажат на можни решенија за намалување на штетите од етничката поларизација на општеството.

    Публикацијата е дел од активностите на ИМА, поддржани од Европскиот фонд за демократија (European Endowment for Democracy) од Брисел, и е придонес за остварување на заложбите на ИМА за унапредување на демократијата и човековите права, преку соработка со институциите, граѓанските организации и медиумите за справување со штетите од поларизацијата, говорот на омраза, дезинформациите и нападите врз критичките мислители во медиумите и јавната комуникација.

    Публикацијата може да се симне на следниот линк:

    Етничка поларизација во медиумите и јавната комуникација за време на изборните процеси

    Exit mobile version