Последни написи

Аваја со остра критика кон новиот парламентарен состав без припадник на ромската етничка заедница

Партијата Аваја жали што за прв пат во историјата на независноста на државата нема ромски пратеник во новиот парламентарен состав. Од партијата обвинуваат дека „манипулацијата стапи на дело и тоа на префриган начин се покажа во новиот состав на Собранието“, каде што за прв пат од старт во новиот парламентарен состав немаше место за припадник/чка на ромската етничка заедница.

-Сметаме дека на тој начин, поголемите политички партии, не само што ги изневерија очекувањата на електорат од ромската етничка заедница тукуго покажаа и своето вистинско лице, на неинклузивни, затворени политички партии со слаб инклузивен мултиетнички потенцијал.

Аваја ги повикува оние граѓани и нивни гласачи кои го споделуваат ова заедничко разочарување да се приклучат во политичката борба за да покажеме дека ние сме тука и дека порано или покасно ќе го земеме тоа што следува како заедница.

Како партија во текот на кампањата, цело време алудиравме дека се случува голема манипулација, масовно поткупување и притисоци на гласачите Роми, стои во апелот.

Аваја очекува во најкраток можен рок, конзистетност и политичка корекција на оваа, како што велат, историска неправда кон ромскиот народ.

Извор: Локално.мк

 

Latest Posts

Не пропуштај