Последни написи

Дезинформација е дека претседателот на Собранието, Африм Гаши бил на посета кај претседателката на Косово, Вјоса Османи

На социјалната мрежа Х (Икс) се шири дезинформација дека новоизбраниот Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши наводно бил во посета кај Претседателката на Косово, Вјоса Османи, пришто на средбата не било истакнато македонското знаме.

Профилот Димко на Х пишува: Абе ВМРО ДПМНЕ каде е македонското знаме?

Додека пак профилот Цандо Македонски објавувајќи ја истата фотографија коментира: „Претседателот на Собранието на Нашата Земја во посета кај Претседателката на Косово. Една слика, илјада зборови“.

Дел од коментарите се:

„Алооо, патриотчиња каде сте, кај се изгубивте, во чии скутови седнавте“.

„Кога дојде на функција, кога успеа да оди на баци рака ММЕ…“.

„Прво дома да отиде на после тука“.

Профилот Рома пишува: „Ај вака да прашам. Дали претседателката на нашата држава ќе испрати нота до претседателката на Косово затоа што на официјална средба со претседател на жакедонско собрание нема македонско знам Дали во собрание за ова ќе реагираат пратениците од сдсм, дпмне, знам…. И зошто не?

Всушност се работи за стара фотографија од пред повеќе од една година, односно на 6 февруари 2023 година, Африм Гаши во својство на Претседателот на Алтернатива, придружуван од тогашниот потпретседателот на Собранието, Хисни Исмаили, министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити и пратеничката Сафије Садики Шаини, се сретнаа со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи.

Во името на Алтернатива, тогаш Гаши ја истакна поддршката на Северна Македонија за евроатлантските интеграции на Република Косово.

Извор: ЦивилМедиа

Latest Posts

Не пропуштај