More

    Внимание: Македонскиот јазик и кирилицата ќе опстанат наспроти социјалните мрежи, глобализацијата и вештачката интелигенција

    Екипата на „Внимание“ по повод 24 мај- Денот на сесловенските просветители Кирил и
    Методиј, ги праша граѓаните: Дали македонскиот јазик и кирилицата ќе опстанат и нема да исчезнат?

    Повеќето од анкетираните, сметаат дека македонскиот јазик и кирилицата ќе опстанат, и дека ќе го издржат налетот на социјалните мрежи, глобализацијата и вештачката интелигенција.

    „Нема да исчезнат, тоа сум убедена“, вели една граѓанка. „Вештачката интелигенција, мислам дека напротив, може само да допринесе за збогатување и зачувување на македонскиот јазик и култура“, смета друга граѓанка.

    Внимание ги праша граѓаните зошто го празнуваме денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј и тоа во Рим? Граѓаните одговараат дека затоа што моштите се таму, дека се признаени од папата, како и дека тие ја создале нашата азбука.

    Граѓаните беа прашани, на кое писмо се нивните профили на социјалните медиуми? Повеќето од анкетираните одговорија – „латиница“. А дали би го смениле со кирилица, велат дека немаат проблем со тоа, додека една граѓанка, вели дека само поради работата која е интернационална не би можела.

     

    Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите.

    Извор: Трн.мк

    Exit mobile version