More

    Мангова: Има странско поттикнување на национализам, но тој има и домашен корен како што видовме во предизборието

    „Може да се толкува дека некогаш националистичката реторика е поттикната и предизвикана од странски сили. Иако знаеме од минатото дека има и домашен корен национализмот“ рече Илина Мангова од Меѓународниот републикански институт (ИРИ) во утринската програма на „Слободен печат“, коментирајќи ја нивната последна анкета.

    Таа додаде дека тоа се виде и во предизборната реторика и кажа дека граѓаните како главни предизвикувачи на национализмот ги идентификуваат политичките партии и лидери.

    „Сега тие процеси се завршени и одговорноста е на политичките актери да препознаат што граѓаните очекуваат, а не да се навраќаат на национализмот, како едно средство од минатото“ рече Мангова.

    Таа додаде дека клучната одговорност на политичките лидери треба да биде, паралелно на работењето на евроинтегративниот процес, да ги менаџираат позитивно и конструктивно меѓуетничките односи, за национализмот да не прерасне во проблем.

    „Тука се покажува одговорноста на овие политички актери кои си играат со национализмот кога се слаби сами по себе да донесат резултати и силни институции кои ќе ги сервисираат граѓаните“ рече Мангова.

    Exit mobile version