Последни написи

Теми на денот: Закани и насилство врз судии, директори, и странски политичари

Главни медиумски теми на 15 мај беа заканите кон претседателката на Уставниот суд, опожарениот службен автомобил на директорот на затворот Идризово, како и атентатот врз словачкиот премиер.

ТВ Телма ги спои првите два настана во насловот „Претседателката на Уставен суд пријави нож и импровизран кревет до нејзиното возило, опожарено и возилото на директорот на Идризово“, укажувајќи дека „директорот на Идризово и судијката Кацарска ги поврзува предметот 27 април за учесниците во насилствата во Собранието.

Кацарска го судеше предметот, додека Јовановски беше дел од поротата.“

Во попладневните часови, на агрегаторите за вести доминираа наслови за обидот за атентат врз словачкиот премиер, како и бројните реакции со осуда на чинот.

 

 

Latest Posts

Не пропуштај