Последни написи

Македонците со најголема поддршка за Отворен Балкан

Граѓаните на Црна Гора и на Северна Македонија се најинформирани за иницијативата Отворен Балкан, покажува најновото мултинационално истражување за Западен Балкан од страна на Центарот за анкетни истражувања (CISR) на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

На прашањето „Дали знаете што е иницијативата Отворен Балкан?“, 55% од анкетираните граѓани во Северна Македонија одговориле позитивно, а во Црна Гора 65%.

Најмалку информирани за иницијативата се во Косово (43%) и во Босна и Херцеговина (26%).

Анкетата на ИРИ ги прашала граѓаните во регионот дали ја подрржуваат оваа иницијатива.

Најголема поддршка иницијативата Отворен Балкан има кај граѓаните од Северна Македонија (48%), а потоа во Србија каде што поддршка за иницијативата ја кај 38% од Србите.

Отворен Балкан има најмала поддршка во Црна Гора (22%) и во Косово (12%).

Извор: Рацин.мк

Latest Posts

Не пропуштај