Последни написи

Самхарадзе: Ќе се трудиме да забележиме дали гласањето се одвива согласно стандардите на ОБСЕ

Во текот на набљудувањето ќе се трудиме да забележиме дали гласањето се одвива согласно стандардите на ОБСЕ. Им посакуваме успех на гласачите во нивните следни постигнувања, изјави денеска специјалниот координатор на ОБСЕ, Николоз Самхарадзе откако со шефот на мисијата на ПС на ОБСЕ, Карина Одебрик посетија гласачки места во ОУ „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец во Скопје.

Тој посочи дека нивните активности се во рамки на заедничката мисија на Парламентарното собрание на ОБСЕ ОДИХР и Советот на Европа.

-Тука сме во центарот на Скопје, вршиме набљудување на избирачко место во едно основно училиште. Исто така ќе вршиме набљудувања во целата држава, во рурални и урбани подрачја и сите наши забелешки и опсервации, ќе ги кажеме утре на прес-конференција во три часот, најави Самхарадзе.

Карина Одебрик, шеф на мисијата на ПС на ОБСЕ, информираше дека имаат над 300 набљудувачи, а од Парламентарното Собрание 56 набљудувачи од 25 земји.

– Она што е важно при набљудувањето на изборите, е, ги собираме  сите забелешки и опсервации и сите ги ставаме во една заедничка изјава, појасни Одебрик. бд/лв/

Фото и видео: МИА 

 

Извор: ЦивилМедиа.мк

Latest Posts

Не пропуштај