Последни написи

ЦИВИЛ: Изборен рапорт (1): Мирен почеток на денот; кршење на изборен молк

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги набљудува денешниот втор круг за претседателски избори и парламентарни избори , и ќе одржи четири прес конференции македонски јазик и четри на албански јазик на кои ќе објавува наоди од изборниот мониторинг од изборниот процес низ целата земја.

Изборен рапорт (1)

Распоредот на одржување на прес конференциите на ЦИВИЛ е следен:

МК

  • 10:30- Прва прес конференција со препораки од организацијата
  • 14:00 – Втора прес конференција со наоди од мониторингот на ЦИВИЛ
  • 18:00 – Трета прес конференција со наоди од мониторингот на ЦИВИЛ до 17:30 часот
  • 20:30 – Четврта прес конференција со наоди од мониторингот на ЦИВИЛ до 19 часот и прелиминарна оценка на денот на гласањето.

АЛ

  • 11:00 – Прва прес конференција со препораки од организацијата
  • 14:30 – Втора прес конференција со наоди од мониторингот на ЦИВИЛ
  • 18:30 – Трета прес конференција со наоди од мониторингот на ЦИВИЛ до 17:30 часот
  • 21:00 – Четврта прес конференција со наоди од мониторингот на ЦИВИЛ до 19 часот и прелиминарна оценка на денот на гласањето.

Прес центарот на ЦИВИЛ ќе бидат отворен за медиумите во текот на целиот изборен ден, а ќе има и вонредни обраќања, доколку има итни информации од теренот.

Добредојдено е и лично присуство и виртуелно учествона претставници од медиумите. Прес конференциите ќе се пренесуваат во живо на Фејсбук страната на организацијата и на видео каналот на YouTube.

Извор: ЦивилМедиа.мк

Latest Posts

Не пропуштај