Последни написи

Бајрами, ЈО: Релативно мирен изборен ден, денеска нема пријавени изборни регуларности

Изјава на јавниот обвинител и претседател на привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела против изборите и гласањето како и други изборни нерегуларности Џељаљ Бајрами за досегашните информации сумирани од јавните обвинителства низ државата.

„Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела против изборите и гласањето како и други изборни нерегуларности денеска континуирано го следи текот на изборниот процес на Парламентарните избори и вториот круг од изборите за Претседател на Република Северна Македонија“, изјави Бајрами.

„ЈО е во соработка со сите институции одговорни за изборниот процес“, додаде Бајрами.

Извор: ЦивилМедиа.мк

Latest Posts

Не пропуштај