Последни написи

ЕУ е механизам како ние да станеме подобро општество и држава смета Маричиќ

Вицепремиерот и секретар за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во интервју за Слободен печат посочи дека процесот на интеграција во ЕУ не е лесен и едноставен но дека е потребен на државата и граѓаните.

,,Јас знам дека е непријатна и тешка тема за сите нас, но ние мора да понудиме одговор а прашањето како ова држава натаму ќе се развива. Кој е моделот за развој? Јас сум убеден дека најдобриот модел за развој на нашата држава е ЕУ. Дека ниту една партија тоа не го оспорува, исто така е точно, меѓутоа не е битно тоа само реторички да го поддржуваме. Тоа е механизам како ние да станеме подобро општество и држава” порача Маричиќ.

Маричиќ смета дека ВМРО-ДПМНЕ сака да избега од темата, од уставни измени, од темата со Бугарија и затоа овој период води кампања со екстремно националистичка реторика, на тој начин носејќи опасност државата повторно да биде блокирана, а тоа според него ќе донесе тензии и поделби во општеството.

Извор: СлободенПечат

Latest Posts

Не пропуштај