Последни написи

МВР: 5 гласачи си го фотографирале гласачкото ливче, ќе добијат соодветен поднесок

Во текот на денешното гласање за првиот круг на Претседателските избори 2024, МВР досега регистрираше 5 случаи на гласачи што си го фотографирале гласачкото ливче.

Како што соопшти МВР,  такви случаи се забележани во село Коџалија, општина Радовиш на избирачко место број 1602, во Скопје на избирачко место број 2683/1, во Охрид на избирачко место број 1271, во Берово на избирачко место бр.0006, како и на избирачко место 2555 во Скопје.

МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случаите, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Р.С

Latest Posts

Не пропуштај