Последни написи

ИЗБОРЕН РОКОВНИК: Најбитните информации за претседателските и парламентарните избори 2024

Пишува: Назми Абдурахмани

Претседателските избори ќе бидат одржани утре (24 април), а парламентарните на 8 мај. Претседателот на Собранието на 14 февруари ги распиша седмите претседателски и 11-те парламентарни избори.

Во продолжение поважните рокови за претседателските избори 2024 година

На изборите за претседател на државата што ќе се одржат на 24 април право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи. Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, 95.116 избирачи се на привремена работа или престој во странство, а 2.147 се на издржување казна затвор или се во притвор.

Согласно Изборниот законик, роковите за спроведување на изборните дејствија почнуваат да течат од денот на објавување на решението за распишување на изборите во Службен весник. По објавувањето на решението за изборите во Службен весник, Државната изборна комисија ги усвојува роковниците со што и официјално стартуваат изборните дејствија.

Во рок од 10 дена од денот на донесување на одлуката за распишување на избори, јавните фондови, јавните претпријатија и сите други правни лица што располагаат со државен капитал, се должни до Државната комисија за спречување на корупција да достават податоци.

Органи за спроведување на изборите се: – Државната изборна комисија;  Општинските изборни комисии и Изборната комисија на градот Скопје; Избирачките одбори; – Избирачките одбори за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија односно конзуларните канцеларии.

ДИК доставува барање до Министерството за надворешни работи за доставување на податоци за дипломатите, вработени во соодветното Дипломатско – конзуларните претставништва. МНР, податоците за дипломатите, вработени во соодветното ДКП/КК ги доставува до ДИК во рок од пет дена од денот на добиеното барање. (најдоцна до 28 февруари).

ДИК веднаш по распишувањето на изборите, доставува до Министерството за внатрешни работи барање за доставување на податоци за граѓаните. МВР, бараните податоци за граѓаните од Изборниот законик, ги доставува до ДИК во рок од 48 часа од денот на распишувањето на изборите, на магнетен медиум, кои задолжително го содржат единствениот матичен број на граѓанинот (ЕМБГ).

ДИК најдоцна 15 дена од денот на распишувањето на изборите, Избирачкиот список го става на јавен увид во своите подрачни одделенија и канцеларии. Јавниот увид трае 20 дена. Редоследот на кандидати во листата на кандидати, ДИК го утврдува со ждрепка и тој број е ист во сите изборни единици.

Собирањето потписи започнува 23 февруари, а Собирањето потписи трае до 8 март до 24:00 часот.  Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список. Кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Во продолжение поважните рокови за парламентарни избори 2024 година.

Од 14-ти февруари до 27-ми април рок за барање и аплицирање за акредитации до ДУК од домашни и меѓународни организации за набљудување на изборите. Од 14-ти февруари до 17-ти тече рокот за радиодифузерите за регистрирање во ДИК

Од 14-ти февруари до 19-ти февруари радиодифузерите, печатени и електронски медиуми тече рокот за достава на ценовниците. Од 23-ти февруари до 8-ми март тече рокот за собирање на потписи за подносители на листи за претеници

Од 28-ми февруари до 18-ти март започнува јавниот увид во избирачкиот список До 29-ти февруари ДИК ги објавува ценовниците на веб страницата за радиодифузерите, печатените и електронски медиуми

18-ти март е крајниот рок за пријавување на гласачите што сакаат да гласаат во ДКП, а 26-ти март рок за достава на предлози за членови на избирачки одбори од страна на партиите согласно ИЗ.

Кандидатските листи за пратеници за парламентарните избори треба да се достават до 2-ри април До 13-ти април ждрепка за листи.

Од 18-ти април до 6-ти мај Изборна кампања До 2-ри мај може да се објавуваат анкети и испитувања на јавното мислење До 5-ти мај до ОИЕ Овластени подносители на листи или контролори на партиите.

Изборот на шеф на државата се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател, додека редовните избори за пратеници се одржуваат секоја четврта година во последните 90 дена од мандатот на претходниот пратенички состав.

Изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите. Тоа значи дека кампањата за претседателските избори започна на 4 април, додека за парламентарните избори на 18 април.

Претседателот на Републиката и пратениците се избираат на општи, непосредни и слободни избори, со тајно гласање. Согласно Изборниот законик, избор на претседател на Републиката се врши на територијата на земјата и во дипломатско – конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Европа и Африка, во Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија, како една изборна единица според мнозинскиот модел.

Согласно Уставот, претседателот се избира за време од пет години. За претседател на Републиката исто лице може да биде избрано најмногу двапати. Претседателот мора да биде државјанин на Република Северна Македонија. За претседател може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот. За шеф на државата не може да биде избрано лице кое до денот на изборите не било жител на Република Северна Македонија најмалку десет години во последните 15 години.

Од денеска па до утре до 19 часот е молк, пред утрешните седми претседателски избори.

Извор: ЦивилМедиа.мк

Latest Posts

Не пропуштај