Последни написи

Кандидатите за претседател сепак ќе се соочат утревечер на дебата на МРТ 1

Утревечер, на 21 април 2024 (недела) со почеток во 20 часот, на јавниот сервис МРТ 1 сепак ќе се одржи предизборно соочување на сите седуммина кандидати за претседател на Република Северна Македонија.

„Решив да ја прифатам поканата за заедничка дебата на националниот јавен сервис – Македонска радио телевизија, со оглед на тоа дека сите мои противкандидати ја прифатиле поканата да учествуваат во дебатата. Останувам на претходно изнесениот став дека е потребно да се расветли случајот во кој имаше јавно изнесени индиции дека јавниот сервис бил користен за изработка на лажни анкети и дебати за рејтингот на политичките партии и кандидатите за претседатели, а со тоа и фабрикување на јавното мислење“, напиша на Фејсбук актуелниот претседател Стево Пендаровски, кој се кадидираше за втор претседателски мандат на овие избори.

И порталот „360 степени“ информираше дека од јавниот сервис добиле потврда за прифаќање на поканата за дебата од сите кандидати за шеф на државата.

Р.С

Latest Posts

Не пропуштај