Последни написи

Зошто е важно Македонија што побрзо да стане членка на ЕУ?

Можности за брз развој и напредок и многу економски придобивки за Македонија ќе донесе членството во Европската унија.

Со зачленувањето во ЕУ, за македонската економија ќе се отворат вратите на единствениот европски пазар од 500 милиони потрошувачи.

Во тој голем пазар нашите компании ќе може да ги понудат и пласираат своите производи и услуги. Тоа дополнително ќе ги зајакне трговските перспективи и потенцијалите за остварување на одржливи стапки на раст на БДП.

Искуството на други држави покажува дека во првите 5 години од членствоот во Унијата, стапките на раст на БДП се зголемуваат од 80 до 90 отсто.

Поедноставената трговија веднаш ќе ги зголеми можностите за извоз и ќе создаде услови за намалување на трошоците и зголемување на ефикасноста на нашите компании.

Членството во ЕУ ќе овозможи и можност за слободно движење на работната сила во рамки на европскиот економски простор.

Процесот на приклучување кон ЕУ значи хармонизација на законодавството со европските норми и стандарди, што креира подобри услови за бизнис и инвестиции, европеизирање на македонскиот бизнис модел.

Исто така, ќе се создаваат реални услови за голем раст на платите, кој кај одредени држави во првите 5 години по зачленувањето во ЕУ се движел од над 50 отсто, па се до 100 отсто.

Ова ќе биде директна придобивка за куповната моќ за граѓаните, за нивниот смеен буџет и животен стандард.

Голема придобивка од членството во ЕУ ќе биде и пристапот до европските фондови, најмалку 10 милијарди евра за земјоделството, енергетиката, малите и средните претпријатија, инфраструктурата, образованието…

Извор: Центар

Latest Posts

Не пропуштај