Последни написи

Имотот на претседателските кандидати

Законска обврска е избраните и именуваните функционери како и кандидатите за избор или именување на јавни функции, својот и имотот на своите семејства, да го пријавуваат во Државната комисија за спречување корупција.

Нова тв.мк фрли поглед во пријавите на кандидатите за претседател на Република Северна Македонија.

Арбен Таравари:

Семеен имот со имот од родителите во вредност од 78.900.254,4 денари или 1.276.703 евра, куќа, стан, два автомобила, златен накит, уметнички слики, готови пари но и кредит.

Од родителски имот пријавил две куќи и три деловни простории.

Стевчо Јакимовски:

Имот во вредност од 22.592.040,6 денари или 365.567 евра, земјиште, хартии од вредност, депозити, штедни влогови и побарувања од заеми, камп приколка, накит. Како имот од семејна заедница има пријавено куќа, земјиште, депозит, два автомобила, земјоделски насади и кредит, на име на деца два автомобила и штедни влогови и на име на родители земјоделски насади.

Максим Димитриевски:

Имот во вредност од 20.658.318,6 денари или 334.277 евра, куќа, земјиште, автомобил, сопственички удели, кредити, накит, и готовина, на име на брачен другар куќа, земјиште, удели, накит, на име на деца девизни штедни книшки и накит, а на име на родители куќа, деловен простори земјиште, два автомобила и денарски депозит.

Бујар Османи:

Имот во вредност од 16.500.043,8 денари или 266.991 евра, автомобил, кредит, позајмица, на име на семејството плата на брачна другарка, на име на родители куќа и пензија.

Гордана Силјановска Давкова:

Нема пријавено сопствен имот, но има 10.513.848,6 или 170.127 евра семејни пари на девизна сметка и на денарска и девизна книшка, а на име на брачен другар куќа и моторно возило.

Стево Пендаровски:

Пријавил 2.295.437,4 денари или 37.143 евра на девизна и на трансакциска сметка, автомобил, а на име на брачна другарка земјиште, автомобил и девизна сметка.

Билјана Ванковска:

Нема регистрирано анкетен лист и, поради фактот што досега не била на јавна функција, ја нема таа обврска.

Извор: НоваТВ

Latest Posts

Не пропуштај