Последни написи

Македонија останува на ставот за Сребреница усвоен и во македонското Собрание и во Европскиот Парламент

Земјава останува на својот 14-годишен став за геноцидот во Сребреница, кој беше потврден со гласањето на Декларација во македонското Собрание во 2010 година за поддршка на Резолуцијата за Сребреница на Европскиот парламент, со која се осудува геноцидот во босанскиот град од 11 до 23 јули 1995 година, кога од страна на воените сили на босанските Срби беа убиени 8.000 муслимански цивили во Сребреница.

Со Декларацијата усвоена во Собранието се предвидува и одбележување на 11 јули – Денот за сеќавање на геноцидот во Сребреница, со што ќе им се оддаде почит на жртвите од масакрот.

Дека земјава и сега останува на овој став, потврди министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој деновиве информираше дека Северна Македонија е коспонзор, заедно со Германија, САД и други држави, на Резолуција во Обединетите Нации за прогласување на 11-ти јули како Меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница.

Но, најавата на Османи за поддршката на оваа Резолуција наиде на критики и осуда во дел од медиумите, но и помеѓу политичарите во Србија, кои земјава ја оценија како дрска, бесрамна, неблагодарна и цинична.  Меѓу оние што реагираа беа министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, како и поранешниот министер за одбрана, внатрешни работи и екс-директор на српската Безбедносно-информативна агенција (БИА), Александар Вулин.

За оваа тема не изостанаа и критиките и навредите во земјава. Пратеникот Иван Стоиљковиќ, претседател на Демократската партија на Србите која е дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека се врши непријателство врз Србија и геноцидот во Сребреница го оцени како „некрофилски Дизниленд“.

Р.С

Latest Posts

Не пропуштај