Последни написи

Забрчанец: Политичарите кои бараат повлекување на Македонија од Отворен Балкан заговараат ѕидови наместо интеграција

„Политичарите кои бараат повлекување од ‘Отворен Балкан’ заговараат ѕидови наместо интеграција и се противат на економскиот развој и на интересите на македонската, албанската и српската економија“ вели Националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, Марјан Забрчанец во изјава за „Локално“.

Тој додава дека политичарите кои најавуваат излегување на Македонија од Отворен Балкан се противат на народната волја и на огромната поддршка од сите категории граѓани за оваа иницијатива.

„Да се биде ‘ЗА’ Отворен Балкан е застанување на страната на народот – 80% од граѓаните ја поддржуваат оваа иницијатива“ дециден е Забрчанец.

Како што објасни тој резултатите од иницијативата се видливи и препознаени од компаниите и граѓаните.

„Се реализира слободниот пристап до пазар на труд со кој нема веќе потреба од работни дозволи за граѓаните на трите земји, на граничните премини функционираат зелени ленти за брз проток на транспортните камиони, во функција е и заедничкиот систем за електронска наплата на патарини без застанување, се реализираа повеќе соработки во областа на туризмот и културата, а имаме и одлична промоција на македонското вино надвор од Македонија благодарение на Отворен Балкан“ вели Забрчанец.

Извор: Локално.мк

Latest Posts

Не пропуштај