Последни написи

Амбасадорката на САД во НАТО, Џулијан Смит: Русија користи хибридни тактики за да го дестабилизира Западен Балкан

На завчерашниот виртуелен брифинг за медиумите, амбасадорката на САД во НАТО, Џулијан Смит одговори и на прашање на Бугарското национално радио за тоа дали НАТО има информации или знаење за руските тајни и дестабилизирачки операции на Западен Балкан и како го оценува тој ризик во овој момент.

Смит посочи дека НАТО веќе долго време будно ги следи активностите на Русија на Западен Балкан. Според неа, влијанието на Русија во нашето соседство е игра на хибридни тактики со крајна цел да го дестабилизира регионот.

„Една од нејзините преферирани алатки е употребата на дезинформации, кои ги користи нашироко низ целиот регион за да ги подели општествата одвнатре, да ја подели Европа одвнатре и како таа гледа на тој регион, да ги подели САД од европските сојузници и нашите пријатели во Западен Балкан“, објасни амбасадорката.

Покрај дезинформациите како главна алатка на Кремљ во регионов, се забележуваат и „сајбер напади, злонамерни сајбер напади, принуда, и ред други алатки“ за дестабилизација на земјите од Западен Балкан, рече Смит.

Амбасадорката Смит укажа дека НАТО внимателно ја следи ситуацијата на Балканот и соработува со членките на НАТО од регионот, со аспирантите за членство како Босна, но и со партнери како Србија. „…Никој не може да каже дека НАТО Алијансата го губи фокусот. Напротив, ние сме многу фокусирани на соседството и многу фокусирани да се спротивставиме на она што Русите се обидуваат да го направат таму“, порача Смит на брифингот со новинарите.

Извор: US Department of State

Фотографија : Мисија на САД во НАТО

Latest Posts

Не пропуштај