Последни написи

Војната ми зеде сѐ, сѐ ми окупираа и зедоа

Украинскиот уметник Тиехов Серхи споделува за читателите на Трн што значи да живееш во окупирана земја не знаејќи дали ќе го дочекаш следниот ден и што се му зела војната нему а и на сите Украинци кои повеќе од една година живеат во воена состојба. Терор на умот и на духот е она што го преживуваат и токму затоа Серхи не би се вратил повторно во својата родна земја.

На изложбата „Уметници и бегалци“ која што се отвори вчера во Чифте амам, беа претставени уметнички дела на тројца уметници од Македонија, тројца од Косово и на еден уметник од Украина.

„Целиот проект се роди како идеја од оние Украинци бегалци од сопствената земја, односно преку нивните приказни да создадеме дела кои ќе ја пренесат нивната приказна. Бидејќи во Романија има голем број бегалци од Украина, решивме да отидеме таму и да ги слушнеме нивните тажни приказни и целиот хорор низ којшто поминувале за време на војната да го пренесеме преку уметноста“, изјави Ѓорѓе Јовановиќ, еден од уметниците вклучен во изложбата.

Ѓорѓе Јовановиќ, уметник

Зад делото што предизвика голем интерес на изложбата се потпишува украинскиот уметник Тиехов Серхи кој вели дека  најголема инспирација црпел од фреско сликарството. Тој е уметник кој работи веќе една година во Романија, како бегалец од Украина. Заедно со неговото семејство тука нашол засолниште и дом и не верува дека некогаш ќе се врати во Украина.

Тиехов Серхи, украински уметник

„Не би се вратил во Украина да живеам повторно, дури и откако ќе заврши војната. Не би можел да се чувствувам безбедно таму, а згора на сѐ и немам каде да се вратам. Таму немам веќе дом, се ми окупираа и зедоа“, со жалење констатира Серхи.

На покана од уметничкиот директор во Букурешт се приклучив и јас на оваа инцијатива каде Центарот за современи уметности го организираше ова со цел и ние уемтниците да се вклучиме во подигање на свеснот дека војната треба побрзо да заврши и дека е непотребна.

Украинскиот уметник Серхи во Букурешт веќе има организирано една изложба за војната во Украина и поминала многу успешно.

За делото „Недовршена приказна“ со кое се претстави на оваа изложба вели дека го содржи сиот чемер и јад од сите историски војни досега претставени преку фреско сликарството. Над тој слој, тој додава втор слој направен од жито кој ја претставува мапата на Украина.

„Бидејќи Украина е многу млада држава, за деловите од фреско сликарството се инспирирав од подлабоката историја од други земји а сите делови ги поврзав со нишки што асоцира на тоа дека заедништвото на украинскиот народ е она што го прави нескршлив и после толку време да остане непоколеблив во својата цел“, истакнува Серхи.

На прашањето што оставил во Украина откако пребегал во Романија, тој одговара: „Јас, како и жените кои ги раскажуваа приказните за нас уметниците би рекол дека војната ми зеде се таму. Голем број од моите пријатели го изгубија животот, куќа или некаква друга стабилност немам, така што би рекол дека освен семејството војната ми зеде скоро се, ми го зеде спокојот, домот, мирот…А тоа е навистина тажно и оваа приказна ја дели скоро секој Украинец“, појаснува Серхи.

Пред војната многу малку луѓе знаеја за Украина, а сега цел свет зборува за Украина објаснува Серхи.  На прашањето кога мисли дека ќе заврши војната во Украина тој вели: „Пред една година кога ме прашуваа мислев дека ќе заврши за една година, ама година веќе помина и прогнозите мои би биле дека ќе трае уште година две сигурно“.

Озбек Ајваз, уметник

Уште едно дело кое остави впечаток на сите што го видоа на изложбата е скулптурата на Озбек Ајвез насловено како „Во чест на жените бегалки“. Како што кажува и самиот наслов, уметникот се инспирирал слушајќи ги приказните на жените бегалки во Романија и се обидел да ги овековечи нивните борби и триумфи.

„Од сите приказни што ги слушнав изведов еден заклучок, Жената е најголем војник, иако мажите се борат на бојното поле, жената и психичи и етички се бори и придонесува“, вели Озбек. Во војната никој не добива, стои на штитот од женската фигура која ја претставил овој уметник. Понатаму тој кажува:„ Со десната рака прави половина срце и со тоа таа е интерактивна и ја повикува публиката да даде поддршка со тоа што ќе го дооформи срцето.

Изложбата ја организираат Центарот за современи уметности од Скопје, „Сбункер“ од Приштина и WIN – Мрежа за интеграција на жените од Букурешт. Целта на проектот е да ги раскаже искуствата од војната и агресијата врз Украина. Примарна цел на проектот е да ги поттикне бегалците да ги споделат своите приказни за агресија со светот, користејќи ја емоционалната моќ на уметноста и посветеноста на уметниците за да ги трансформираат овие приказни и сведоштва во уметнички дела.

„Изработените уметнички дела кои што се претставени создаваат отворена порта за гласовите на бегалците од Украина да се слушнат во другите делови на светот преку универзалниот јазик на уметноста, придонесувајќи на тој начин во борбата со лажните вести и наративи кои се однесуваат на агресијата врз Украина“, велат од Центарот за современи уметности.

Извор: ТРН

 

Latest Posts

Не пропуштај