Последни написи

Експерти за Си-ен-ен: Теориите на заговор за Кејт Мидлтон ширени од руска група за дезинформации

Вистината, како што често е, беше помалку чудна од што многумина мислеа. По недели на бурни теории за зошто Катерина, принцезата од Велс, е толку долго време отсутна од јавноста, таа ја откри причината: Била дијагностицирана со рак, во раните стадиуми на третманот и земала време да им го каже тоа на нејзините мали деца.

За Кејт и нејзиното семејство, последните три месеци беа криза. Но за други, можеби отвориле можности.

„Имате вртечки хаос на шпекулации, што претставува одлично место ако сте странски актер и сакате да се вклучите“, рече Мартин Иннес, експерт за дезинформации на Универзитетот во Кардиф во Велс. „Тоа е идеална ситуација, навистина“, пишува Си-ен-ен.

Иннес и неговиот истражувачки тим поврзаа 45 профили на социјалните медиуми кои објавуваа лажни тврдења за принцезата со дезинформациска кампања поврзана со Кремљ, која предходно ширеше теории на заговор за војната на Русија во Украина и за францускиот претседател Емануел Макрон. Мотивот на таквите кампањи, рече Иннес, е да ги „дестабилизираат“ западните антагонисти на Русија и да ја „поткопуваат довербата“ во нивните институции.

Односот на Обединетото Кралство со Русија долго време беше различен. Покрај непријателството помеѓу Лондон и Москва, Британците беа отворени да обезбедат услуги и да го пречекаат богатството на олигарсите од поранешниот Советски Сојуз. Парламентарниот извештај на Обединетото Кралство за 2020 година најде „доволно докази за руска интервенција“ во нивните демократски процеси, велејќи дека руското влијание стана „новата норма“.

Од 2018 година, истражувачите од Кардиф водат голема програма за истражување на дезинформации, но почнаа да ги истражуваат теориите на заговор за Кејт откако забележаа „необични шеми во сообраќајот од податоци“ и „скокови кои доаѓааа од никаде“.

„Профилите не објавуваа оригинални постови сами, туку пишуваа во коментари на објави за принцезата од Велс, пласирајќи информации за војната во Украина, ја критикуваа Украина или го славеа интегритетот на руските избори“, рече Иннес.

Овој начин на однесување беше нешто што неговиот тим го препозна од група руски актери кои ги изучувале претходно.

Групата се нарекува „Допелгангер“, операција поврзана со Кремљ која цели кон публиката во Соединетите Држави и Европа, вклучувајќи ја и Украина. Тоа е комерцијална фирма ангажирана за водење на кампањи за дезинформации, рече Иннес. Во крајот на 2022 година, Мета – сопственикот на Фејсбук и Инстаграм – предупреди дека „Допелгангер“ имитира големи медиумски куќи и создава измамнички статии.

Мета изјави дека ја прекинала групата, но нејзините кампањи за дезинформации оттогаш станаа пософистицирани. Минатата недела, американскиот Државен секретар за финансии санкционира два Руси и нивните компании кои се сметаа дека се дел од „Допелгангер“, обвинувајќи ги за водење на „широка мрежа од повеќе од 60 веб-страници“ кои поттикнуваат дезинформации во име на руската влада.

Некои теории на заговор може да бидат креирани одново. Претходно овој месец, Британската амбасада во Москва беше принудена да ги отфрли гласините за Кралот Чарлс III, кои почнаа да циркулираат на Телеграм и во руските медиуми.

Но почесто групата се обидува да поттикне приказни кои веќе предизвикуваат поделби. Теориите на заговор за Кејт беа особено лесни за целта на кампањата, рече Иннес, затоа што голем дел од западната јавност веќе беше во конспиративен „mindset“.

Расмус Клеис Нилсен, директор на Институтот Ројтерс за изучување на новинарството на Оксфордскиот универзитет, изјави за CNN дека кампањите за дезинформации „секогаш се вклучуваат на теми кои вклучуваат, но и поттикнуваат поделби , и кои се погодни за поткопување на довербата што ја имаат луѓето во вистинитоста и кредибилитетот на информациите кои ги добиваат.“ Но колку ефикасна била кампањата, додаде тој, е друго прашање: „Повеќето луѓе се среќаваат со многу глупости на интернетот во секој случај и општо се скептични за сè.“

Кога Кензингтонската палата објави во јануари дека Кејт имала планирана абдоменална операција, првичната реакција во Британија беше повеќе шок отколку сомнеж. Но, со секоја недела што измина без да се појави во јавноста, шпекулациите растеа.

Но, аматерските истраги на социјалните медиуми се претворија во целосна теорија на заговор кога Палатата објави фотографија на Кејт и нејзините три деца на Денот на мајката. Фотографијата, која требаше да ги намали гласините, само ги поттикна. Јавноста веднаш утврди неколку несоодветности на сликата, вклучувајќи заматеност на манжетна и изместен патент.

Во рок од неколку часа, неколку светски новинарски агенции ја повлекоа објавената фотографија, наведувајќи сомнеж за манипулација. Следниот ден, Кејт објави извинување: „Како многу аматери фотографи, понекогаш експериментирам со уредување фотографии.“

Ана Џорџ, која истражува онлајн дезинформации на Оксфорд Интернет Институтот, рече за CNN: „Руските кампањи за дезинформации сакаат да засеат збунетост околу кому треба да се верува“, и напомена дека дебаклот можеби им дал на Кремљ основ да ги обвинат британските институции за ширење на лажни вести.

Историчарот на Јејл, Тимоти Снајдер, долго време укажува дека начинот на кој рускиот претседател Владимир Путин одржува власт е преку „стратегиско релативизирање.“ Неспособен или несакајќи да ја направи сопствената земја подобра преку домашни политики, тој се задоволува со тоа да ги направи другите земји да изгледаат полошо, засилувајќи ја позицијата на Русија со ослабување на имиџот на другите.

Руското Министерство за надворешни работи се изјасни за грешката со фотографијата на Кејт, велејќи дека британските медиуми и политичкиот систем „се споиле“ за да создадат „екосистем на лаги.“

Во саркастично соопштение, министерството вели дека продолжениот изостанок на принцезата од јавниот живот „повторно ја истакна гнилата природа на британскиот политички естаблишмент, базиран на неговата желба целосно да го контролира јавното мислење…преку манипулација на медиумите и лажни вести.“

Во деновите по фотографијата за Денот на мајката, Кејт беше видена со нејзиниот сопруг, Принцот Вилијам, во фармерска продавница во Виндзор, во близина на нивниот дом, на 19 март.

Иннес рече дека тој и неговите истражувачи забележале неочекуван пораст на активност истиот ден – примарно на Х, поранешната Твитер – по начин кој, според него, беше „апсолутно консистентен со Допелгангер.“ Сите профили кои ги идентификуваше неговиот тим имаа слични имиња, беа креирани во истото време, имаа многу малку следбеници и дејствуваа на координиран начин, рече тој.

„Сите 45 профили имаа ист начин за именување, или започнуваа со буквата А или започнуваа со буквата Б, како ‘Аардварк56,’“ рече тој, што беше „доволно за да може да се потврди тврдењето дека знаеме кој стои зад ова.“

Моментот на теориите за заговор за Кејт беше исто така погоден за Кремљ – доаѓајќи во исто време кога Путин осигура петти мандат на власт во наместени избори лишени од кредибилна опозиција. Ботовите, рече Иннeс, навалуваа врз објавите за здравјето на Кејт со коментари што ja поддржуваа легитимноста на рускиот глас.

„Тактички, тоа што обидуваа да направат беше да ги пренесат своите пораки за руските избори и Украина во западниот медиумски екосистем. Но, ова беше толку добра приказна за нив затоа што им овозможи да ја постигнат својата стратешка цел… да ја дестабилизираат Велика Британија и нејзините западни сојузници.“

Од Кристијан Едвардс, CNN

Извор: CNN

Latest Posts

Не пропуштај