More

    Зајкова: Легализацијата на употребата на канабис ќе донесе ред и економски придобивки за државата

    ЛДП е првата партија што во својата програма има ставено дека се залага не само за декриминализација на канабис, туку и за легализација на истиот, бидејќи тоа се два термини што се многу различни, рече во интервју за Слободен печат, Моника Зајкова, претседателка на ЛДП.

    „Во таа заложба како либералдемократи тргнавме првенствено од правото на човекот, на неговото право на избор но и на економските придобивки што доаѓаат од легализацијата. Легализацијата не значи дека сите ќе станат зависници како што многумина сметаат. Напротив, онаму акде што канабисот е легализиран бројот на зависници, па дурит и бројот на зависници од тешки дроги се намалува. Јас не гледам што е спорно вие да имате еден регулиран систем каде државата ќе има придобивки од тоа, бидејќи на крајот на денот нема да оди на црн пазар, бидејќи сега не се низ знае што доаѓа од црниот пазар и државата нема контрола врз тоа“ посочи таа.

    Зајкова додаде дека покрај економските придобивки, со таков закон ќе се стави ред, бидејќи во сегашниот закон нема граница помешу рекреативна употреба на канабис и препродажба на истиот.

    „Со легализацијата државата ќе има увид и на квалитетот но и ќе подлежи на оданочување, што значи дека ќе има и финансиска придобивка. Ќе се зголеми БДП од услужни дејности ќе се намали стапката на црна трговија, ќе има бенефит за земјоделците, за индустријата. Во сегашниот закон имаме челн што е преширок и не може подеднакво да се третира некој што рекреативно конзумира канабис за себе и некој што врши препродажба“ заклучи Зајкова.

    Exit mobile version