Последни написи

Митрески: Четири години од зачленувањето во НАТО, се покажа дека сме носеле храбри и мудри одлуки

„Четири години од нашето зачленување во НАТО, се покажа дека сме донеле храбри и мудри одлуки во интерес на безбедна и просперитетна иднина за нашите граѓани“ напиша претседателот на Собранието Јован Митрески на социјалните мрежи од настанот за одбележување четири години членство во НАТО.

На настанот за одбележување четири години членство во НАТО присуствуваа тројца поранешни премиери и поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, која го развиори знамето во седиштето на НАТО.

„Со тројцата поранешни премиери и поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, која го развиори нашето знаме во седиштето на НАТО, но и со поранешни пратеници, амбасадори, носители на високи државни функции, разговаравме за придонесот што секој од нас поединечно го дал во овој процес и за патот што го изодевме за да имаме денеска безбедна држава, особено во услови воената агресија недалеку од нас“ напиша Митрески.

Претседателот на Собранието додаде дека заедно и решително продолжуваме кон остварување на визијата за европска и просперитетна иднина.

 

Latest Posts

Не пропуштај